Free songs
Home / аларм / Зошто се опасни ПМ 10 чeстичките во воздухот во Македонија?

Зошто се опасни ПМ 10 чeстичките во воздухот во Македонија?

Концентрацијата на опасните ПМ10 честички присутни во воздухот не се намалува. Граничните вредности кои се најстрогите правила во законодавството на Европската Унија за нивоата на загадување на воздухот дефинираат дека дневната граница на присутност на ПМ 10 честичките не смее да биде поголема од 40 микрограми на метар кубен. Овие честички се сметаат за опасни поради нивните милимикронски димензии и формата на мало ноженце со која при вдишувањето, тие навлегуваат длабоко во дишните патишта, а оставаат фатални последици по здравјето на човекот.

vozduh pm cesticki zagadenostЧестичките со поголеми димензии, се вдишуваат, но остануваат на површината на носот и горните делови на гркланот. Истите со издишувањето дел се исфрлаат, а преку секретот од носот или искашлување се острануваат.Најситните, продираат најдлабоко и тие се најопасни.

Сите овие материи кои се наоѓаат во воздухот предизвикуваат срцево-венски заболувања, главоболки, намалена мозочна активност, надразнување и солзење на очите, кашлица, астма и бронхитис, во одделни случаи доведуваат и до мозочни и срцеви удари, но и рак.

Но, во Македонија речиси стана секојдневие во дел од градовите ваквите честички и до десетпати да ја надминуваат границата.

Главниот град на Македонија, со индекс на загаденост од 81,23 е на трето место на листата на најзагадени европски градови. Најзагаден град во Европа според овие статистики е италијанскиот град Неапол, додека Киев е на второ место.Извештајот на Светска банка 2014 година ја става Македонија на петто место според годишните смртни случаи предизвикани токму од загаден воздух, а ПМ честичките се посочени како најзначајни загадувачи кои се поврзуваат со долгорочни респираторни заболувања и смрт.

Од регионот, во првите пет на листата на загаденост е Тирана, која е на четвртото место, веднаш по Скопје.

Во загадениот воздух во земјава освен познатите опасни честички ПМ 10, циркулираат и многу помали или ПМ 2,5. Освен што се помали, тие се многу поопасни бидејќи директно и многу брзо го напаѓаат респираторниот систем, предупредуваат експертите. Иако се опасни, овие мали честички имаат аеродинамичен облик и се производ од согорување, од индустријата, од јагленот и од правот разнесен од ветер.

Овие пм честички имаат можност да навлезат многу длабоко во респираторниот епител, односно преку слузницата на респираторниот епител и дишните патишта да навлезат до најситните делови

Посебно изложени на ризик од овие честички се бремените жени, хронично болните и најмладите.

Експертите исто така предупредуваат дека малкумина знаат дека треба да се избегнува да се излегува кога има сонце, а воздухот е позагаден затоа што тогаш  се создава озон во ниските слоеви на воздухот.

 

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top