Free songs
Home / Болести и лечење / Зошто некои луѓе заболуваат од рак, а некои не? (Видео)

Зошто некои луѓе заболуваат од рак, а некои не? (Видео)

Малигните заболувања не бираат ниту години, ниту статус, ниту тоа дали е некој богат или сиромашен. Зошто тогаш од рак не умираме сите, туку само несреќните поединци?

16122013195246_cancer

Иако за ова не сте свесни, уште во првите секунди откако почнавте да ја читате оваа статија, во вашиот организам веќе изумреле повеќе од милион ќелии. Но, не грижете се, сето тоа е природно и нормално, но факт е дека нашите тела, во најбуквална смисла, се опкружени и исполнети со смрт. Сепак, и покрај тоа што тоа е навистина така, ние не умираме толку лесно и едноставно.

Вашата коса, нокти, горните слоеви на кожата – сите овие делови од телото се сочинети од мртви клетки. Секоја недела, ние губиме околу 5.5 грама кожа. А, ако некогаш сте се запрашале од што се состои онаа фина прашина која ја гледаме кога сончевата светлина се прекршува низ прозорецот, чисто колку за информација, 80 отсто од таа материја се изумрени честички кои отпаднале од нашата кожа!

Всушност, нашите ќелии се константно активни. Тие живеат, умираат, но и се размножуваат. Меѓутоа, во текот на секоја репликација, можни се и грешки. Поголемиот дел од тие грешки, односно ДНК мутациите, се или потполно бенигни или понекогаш дури и благотворни за нас и нашето тело. Но, постојат и такви кои можат да му нанесат огромна штета на нашето здравје.

Токму таквите лоши мутации претставуваат голема опасност бидејќи модифицираните ќелии продолжуваат и понатаму да се размножуваат не слушајќи ги командите на нервниот систем да престанат да го прават тоа. Тоа значи дека лошите ќелии и понатаму се’ повеќе ќе ги користат ресурсите на нашиот организам за свој опстанок, а тогаш започнува и пеколот.

Постојат повеќе од 200 забележани видови на мутации до кои може да дојде во различни органи или ткива, но сите тие ние ги знаеме под едно име, злото наречено рак.

rak-300x225Она што дополнително застрашува е фактот дека, иако некои можат да бидат поттикнати со нездрави навики и нездрав животен стил, или пак генетско наследство, до поголемиот дел од мутациите доаѓа по принципот на лотарија – потполно случајно и речиси непредвидливо. Што е уште полошо, шансите за рак постојат уште додека сме во утробата на нашата мајка!

За среќа, нашиот организам има еден вид на контролен систем кој е во состојба да се избори со 99 отсто од згрешените мутации, но сепак, овој систем не е совршен, па така, одвреме навреме се случува малигните ќелии да преовладаат и да не’ доведат до состојба на сериозна болест.

Сепак, медицината напредува, што се однесува до препознавањето на факторите кои доведуваат до појавување на малигнитети, но и кога се работи за лековите кои се борат против оваа болест.

Tocka.com.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top