Free songs
Home / природен лек / Жалфија – природен антисептик и антибиотик

Жалфија – природен антисептик и антибиотик

Жалфијата во народната медицина се користи како лек за воспалителни процеси на цревата, желудникот, црниот дроб, бубрезите и уринарните патишта.

Името на латински (Salvia officinalis) значи дека ова растение е спасително и лековито, а се смета и за едно од најдобрите природни антибиотици и антисептици.

zalfijaКај жалфијата лековити се листот и младите гранчиња, а за да се сочуваат сите корисни состојки треба да се бере пред нејзиното цветање. Нејзиното сушење се врши во сенка, во добро проверени простории на температура од најмногу 40 степени. Ова е многу важно да се направи на правилен начин бидејќи листовите се богати со јаглехидрати, целулоза и белковини. Освен овие органски соединенија листовите содржат и многу железо и калциум, а посебно се богати со витамин А.

Жалфијата има карактеристика и да стегнува, поради што како чај е исклучително ефикасна при диареа, како и болки и грчеви во желудникот. Таа помага и при болести на органите за дишење, бидејќи го олеснува исфрлањето на слузта.

Ефикасноста на жалфијата, која уште пред повеќе векови ја препорачувале треварите, добила и официјална потврда од научниците дека го подобрува паметењето, па затоа станала интересна за натамошни истражувања како потенцијален лек за Алцхајмерова болест.

Откриено е дека оваа билка го спречува ензимот ацетилхолинестеразу, кој негативно влијае врз паметењето. Научниците веруваат дека жалфијата има антиоксидансни, противвоспалителни и хормонски слични карактеристики, кои можат да помогнат во лекување на Алцхајмеровата болест.

Во народната медицина се користи за јакнење на нервите, а помага и против сите видови на настинки и грип. Се употребува и за прочистување на крвта, но и против сите воспалувања, а исто така ги олеснува и проблемите на заболените од ревматизам

Denesen.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top
trusted online casino malaysia minyak dagu mega888 pussy888 xe88 apk joker123 super 8 ways ultimate casino malaysia live22 mega888 免费电影 casino malaysia 918kiss