Жалфијата во народната медицина се користи како лек за воспалителни процеси на цревата, желудникот, црниот дроб, бубрезите и уринарните патишта.
Името на латински (Salvia officinalis) значи дека ова растение е спасително и лековито, а се смета и за едно од најдобрите природни антибиотици и антисептици.
Кај жалфијата лековити се листот и младите гранчиња, а за да се сочуваат сите корисни состојки треба да се бере пред нејзиното цветање. Нејзиното сушење се врши во сенка, во добро проверени простории на температура од најмногу 40 степени. Ова е многу важно да се направи на правилен начин бидејќи листовите се богати со јаглехидрати, целулоза и белковини. Освен овие органски соединенија листовите содржат и многу железо и калциум, а посебно се богати со витамин А.
Жалфијата има карактеристика и да стегнува, поради што како чај е исклучително ефикасна при диареа, како и болки и грчеви во желудникот. Таа помага и при болести на органите за дишење, бидејќи го олеснува исфрлањето на слузта.
Ефикасноста на жалфијата, која уште пред повеќе векови ја препорачувале треварите, добила и официјална потврда од научниците дека го подобрува паметењето, па затоа станала интересна за натамошни истражувања како потенцијален лек за Алцхајмерова болест.
Откриено е дека оваа билка го спречува ензимот ацетилхолинестеразу, кој негативно влијае врз паметењето. Научниците веруваат дека жалфијата има антиоксидансни, противвоспалителни и хормонски слични карактеристики, кои можат да помогнат во лекување на Алцхајмеровата болест.
Во народната медицина се користи за јакнење на нервите, а помага и против сите видови на настинки и грип. Се употребува и за прочистување на крвта, но и против сите воспалувања, а исто така ги олеснува и проблемите на заболените од ревматизам
Denesen.mk