Благиот недостаток од овој витамин може да предизвика замор, губење здив, дијареа, нервоза, трнење на рацете и нозете, а додека пак сериозниот недостаток може да предизвика невролошки оштетувања.Недостаток од витамин Б12 е честа појава. Голем број луѓе патат од овој недостаток, а за тоа воопшто не се свесни. Луѓето кои се вегетаријанци и макробиотичари, се посебно склони кон недостаток од овој витамин.
Витамин Б12 или кобаламин е посебно важен за здравјето на нервните клетки и за создавање ДНК и РНК- генетскиот материјал во организмот. Витаминот Б12 и фолната киселина се неопходни за создавање црвени крвни зрнца, а тоа пак влијае на снабдувањето на организмот со кислород. Тие влијаат и на имунитетот и на расположението.
Витаминот Б12, заедно со витаминот Б 6 и со фолната киселина, можат да го намалат високото ниво на хомоцистин во крвта. Хомоцистин е аминокиселина што е поврзана со ризикот за развој на срцеви заболувања, остеопороза, Паркинсонова и Алцхајмерова болест.
Кај луѓето честопати се појавува благ недостаток од витамин Б12, бидејќи овој витамин има многу сложена структура и тешко се усвојува во организмот. луѓе над 65 годишна возраст исто така имаат недостаток од овој витамин, бидејќи создавањето на внатрешниот фактор кој е одоворен за усвојувањето на витаминот Б12 се намалува со текот на годините.
Лицата кои имаат инфекција на желудникот со бактеријата Helicobakter pylori,што води до чир на желудникот, исто така имаат недостаток на витамин Б. Тоа е затоа што оваа бактерија ги уништува клетките на слузницата во желудникот, а слузницата го создава внатрешниот фактор што е неопходен за усвојување на витаминот Б12.
Потреба од зголемено количество
Зголемено количество од витамин Б12 е потребно за децата во периодот на растот и развојот, за бремените жени, за доилките, при некои видови анемии и при оштетување на нервите.
Несакани појави
Витаминот Б12 се смета за безбеден,бидејќи не е забележана некоја несакана појава. Витаминот Б12 не е токсичен, а тешко се усвојува во организмот.
Некои лекови може да го намалат нивото на витаминот Б12 во организмот, како што се антиколвузиви, матотрексат, Н2 блокатори, метформин. Витаминот Б12 не треба да се зема истовремено со тетрациклини бидејќи им смета во апсорпцијата и ја намалува нивната ефикасност. Овој витамин треба да се зема во различно време во однос на тетрациклините. Долготрајната употреба на антибиотици може да го намали нивото на Б витамини во организмот, посебно на витамините Б2, Б12 и фолна киселина, како и витаминот Х, за кој се смета дека припаѓа во групата витамини Б комплекс.
Се препорачува секојдневна употреба на Б12 како додаток во исхраната на вегетаријанците и веганите, бидејќи овој витамин обично недостасува во вегетаријанската исхрана.
• Му помага на телото при метаболизмот на јагленохидрати, протеини и маснотии
• Му помага на телото да произведува здрави крвни зрнца
• Важен е за одржување на здрав нервен систем
• Може да помогне при редуцирање на симптомите на анемија
• Може да биде корисен при иритација или инфекција на устата / афти
• Помага да се задржат оптимални нивоа на енергија во телото
Наменет е за:
– Оние кои што сакаат да ги зголемат нивоата на нивната енергија
– Веганите и вегетаријанците на кои што можеби им недостасува Б12 заради нивната исхрана
– Оние кои што сакаат да го заштитат функционирањето и здравјето на нивниот нервен систем
– Луѓето кои што имаат лош метаболизам на храната која што ја конзумираат