Четириесет и пет годишен маж од Ленкшир ѝ го спаси животот на едномесечната ќерка забележувајќи разлика во звукот на нејзиниот плач.
Откако побарал помош од лекарите, на девојчето Меган и бил дијагностициран тежок облик на сепса, опасен по живот, поради што паднала во кома три дена.
Стју Бонсал и неговата сопруга Трејси ги советуваат сите родители да им веруваат на своите инстикти.
– Можев ништо да не направам, од страв дека ќе ми кажат дека претерувам. Но, мојата реакција го спаси нејзиниот живот – раскажува таткото на Меган.
Стју почувстувал според нејзиниот плач дека нешто не е во ред и решил да побара стручна помош.
– Се покажа дека постапив правилно и што му верувам на својот инстинкт – рече тој.