За што е добар црниот чај
Posted by: BabinLek
in природен лек
February 8, 2014
2880 Views
- Црниот чај содржи големо количество на витамини Ц и Е и е силен антиоксиданс. Тој се бори против стареењето додека се пие и кога се применува на кожата. Можете да си направите компресии со мали кесички врз лицето за да ја тонизирате кожата и да ги отстраните сенките под очите.
- Црниот чај е погоден за ослободување од стресот. Луѓето кои често конзумираат црн чај стануваат полесно прилагодливи кон стресните ситуации. Поради истата причина полесно преминуваат и во процес на релаксирање.
- Црниот чај делува поволно на функцијата на желудникот, го активира метаболизмот и ги смирува стомачните болки.
- Црниот чај е ефикасен кај луѓето со низок крвен притисок, но бидејќи содржи кофеин, со него треба да внимаваат луѓето со висок крвен притисок.
2014-02-08