Free songs
Home / природен лек / Маслинките не чуваат од еден куп болести – срцев удар, рак …

Маслинките не чуваат од еден куп болести – срцев удар, рак …

Иако маслиновото масло е секогаш на цена, според резултатите од многубројни истражувања, ни самиот плод не треба да се игнорира. Џон Самер, американски нутриционист, херболог и хомео-патски лекар, кој е спортски советник за исхрана, неодамна објави листа зошто треба маслинките да се консумираат секојдневно. Тој вели дека овие плодови имаат голема улога во човековото здравје, многу често и како превенција.

Кардиоваскуларни заболувања

olive(1)Кога слободните радикали го оксидираат холестеролот, се оштетуваат крвните садови, масноти-ите се напластуваат во артериите и за извесен период може да предизвикаат срцев удар. Антиок-сидативните хранливи супстанци кај црните маслинки спречуваат оксидација на холестеролот и помагаат како превенција од срцеви заболувања. Маслинките содржат здрави мононезаситени масти за кои е потврдено дека го намалуваат ризикот од артериосклероза и го зголемуваат нивото на добриот холестерол. Неодамнешните истражувања покажале и дека мононезаситените масти, кои се наоѓаат во маслинките и во маслиновото масло, може да помогнат во намалување на по-качениот крвен притисок.

Слабеење

Маслиновото масло поттикнува разградување на мастите во организмот, па помага полесно да се ослободите од вишокот маснотии на стомакот. Луѓето што консумираат често маслинки ретко се соочуваат со прекумерна тежина. Крвните тестирања покажуваат дека тие имаат високо ниво на серотонин или хормонска ситост. И самата арома на маслинките може да предизвика чувство на ситост и да го намали внесувањето калории дури до 200 на ден.

Превенција од рак

Антиоксидативното и противвоспалителното својство на маслинките е природна заштита од рак бидејќи хроничниот оксидативен стрес и хроничните воспаленија се клучни причини во разви-вање на ракот. Тие може да спречат развивање канцер благодарение на антиоксидативното деј-ство и на хранливите материи што ги содржат во изобилство.

Црните маслинки се одличен извор на витамин Е, кој неутрализира слободни радикали во мас-ното ткиво. Истражувањата покажале дека исхраната со додаток на маслиново масло доведува со намалување на ризикот за рак на дебелото црево.

Намалена болка

maslinovo masloМаслинките, односно антиоксидансите и противвоспалителните хранливи материи во нив, мо-же да дејствуваат како природен ибупрофен. Нивното масло содржи олеокантал, материја со про-тивоспалително дејство. Слично како кај класичните лекови против воспаленија. Интересно е што 50 грама маслиново масло содржи одредено количество олекантал, што може да замени де-сетина дози ибупрофен за возрасни.

Здрави кожа и коса

Црните маслинки се богати со масни киселини и со антиоксиданси што ја хранат, хидрираат и ја штитат кожата. Витаминот Е во маслинките штити од УВ-зраци, а тоа значи дека кожата ја чува од канцер или од прерано стареење. Добро е да го користите маслиновото масло и како лосион за тело наместо вештачки млека за тела и други козметички кремови. Исто така, десетина минути да чувате маслиново масло на врвовите од вашата коса пред миење е замена за каков било трет-ман или маска за коса.

Намалени алергии

Својствата што ги содржат за намалување на воспаленијата дејствуваат добро и кај луѓето што се склони кон алергии. Екстрактите од маслинка дејствуваат како антихистаминици и тоа на завид-но ниво. Вклучете ги маслинките во програмата за антиалергиска исхрана и ќе ја зголемат цирку-лацијата на крвта, но имаат моќ и да ги ублажат заболувањата како што е астмата.

Здрав систем за варење

maslinovo-ulje2Честото консумирање витамин Е и мононезаситени масти во црните маслинки е поврзано со на-малувањето на ризикот за рак на дебело црево. Овие хранливи материи го спречуваат ракот на дебелото црево и ги неутрализираат слободните радикали. Маслиновото масло има и благотвор-но дејство врз чировите и гастритисот. Една шолја црни маслинки содржи 17 отсто од потребно-то дневно количество растителни влакна, што му помага на системот за варење подобро да ја преработува храната. Тоа дава и идеална рамнотежа на микроорганизмите потребни за здрав систем за варење.

Извор на железо

Маслинките, особено црните, се богати со железо. Способноста на крвните зрнца да пренесат кислород низ целото тело зависи од присуство на железо во крвта. Ако страдаме од недостиг на железо, нашето ткиво не добива доволно кислород и можеме да чувствуваме студ или слабост. Железото исто така игра важна улога во производството на енергија. Правилната функција на многу ензими и имунолошкиот систем зависат од доволното количество железо.

Здрави очи

Една шолја маслинки содржи 10 отсто од препорачаната дневна доза витамин А, што е клучен за здравите очи и овозможува подобар ноќен вид. Дејствува и против катаракт, макуларна дегенера-ција, глауком и други очни заболувања поврзани со стареењето.

Зголемено ниво на глутатион во крвта

Консумирањето маслинки значително го зголемува нивото на глутатион во крвта и го подобрува антиоксидативниот капацитет. Глутатионот е еден од најважните антиоксиданси во природата, а се создава во нашето тело. Ниското ниво на глутатион во крвта се поврзува со зголемениот крвен притисок и со телесната маснотија. Тоа е често знак за лоша здравствена состојба.

Dnevnik.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top