Home / природен лек / За меморија, крвна слика, вид – само спанаќ

За меморија, крвна слика, вид – само спанаќ

Нутриционистите порачуваат, за брзо да размислувате, имате добра крвна слика и вид, а желудникот подобро да ви ја вари храната  јадете спанаќ.
spanac2-velikaТој е една од највредните хранливи намирници, дава сила, штити од канцерогени и кардиоваскуларни болести, остеопороза, катаракта, холестерол…
Поради големото присуство на минерали и витамини, нутриционистите го нарекуваат „кралот на зеленчук”. Тој е одличен извор на витамин Ц и бета каротен. За да ги задоволите дневните потреби доволно е една чаша варен спанаќ.
Добар извор е на фолати, витамини од Б групата, кој игра важна улога во намалувањето на нивото на хомоцистеин во крвта, компонента за која се верува дека кога е присутна во висока концентрација, може да доведе до срцев удар. Срцето го чува и магнезиумот, важен минерал за одржување на нормален крвен притисок.
Исто така важно е да го јадеме поради витаминот К, кој е од суштинско значење за правилен процес на минерализација, односно здрави и силни коски. Овој зеленчук е богат со калциум, натриум, фосфор, манган, бакар, цинк, јод, кобалт… Има многу целулоза па е драгоцен за варење и детоксикација на организмот.
Тој потекнува од Персија и Авганистан, во Европа дури во 11 век го пренеле Маврите во опсадата на Шпанија, за подоцна да стигне до Америка. Спанаќот е најдобар кога се готви и се меша со ситно сецкан лук, сок од свежо исцеден лимон и маслиново масло. Гурманите сакаат над него да изрендаат пармезан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top