Free songs
Home / Болести и лечење / Што значи кога ви крцкаат коските?

Што значи кога ви крцкаат коските?

Kоските кое го чувствуваме во колената, рамењата, вилиците се случува секојдневно. Но дали сме
загрижени за тоа? Се вели дека не е ништо страшно, но ако се случува често, можеби треба да се посети лекар.

koska2Рамења: Звукот на пуцкање во рамењата, поврзан е со годините. Ако имате помалку од 35 години тогаш тоа е знак на нестабилност и опуштени тетиви и врзно ткиво. Ова најчесто се случува на работно место, но со неколку месечна физикална терапија може потполно да исчезне.

Лактови: Ако лактот ви крцка додека го поместувате и ве боли, а може и да се „блокира“, постои можност дека во зглобот „шета“ парче коска или `рскавица, со големина на зрно песок. Ако пуцка и трнее, тоа може да биде и заглавени нерви, но за да не дојде до оштетување, најдобро е да закажете лекарски преглед.

Дланки: Родителите советуваа да не се пукаат прстите, затоа што рацете ќе се тресат кога ќе пораснете. Сепак не се во право. Со повлекување на прстите ја растегнувате малата кесичка со заштитна течност што се наоѓа во зглобовите и со тоа се ослободува од притисок и донесува олеснување.

Колкови: Силен и краток звук на крцкање кај колковите е честа појава а се случува кога дебели снопови на тетивата, кои ја поддржуваат ногата да се поместат на надворешната страна. Може да биде и болно, но нема потреба да се паничи, затоа што не е во прашање ништо сериозно. Често се случува кај млади жени, а се отстранува со помош на вежби за истегнување.

rakaГлуждови: За пуцкање на глуждот има повеќе објаснувања, но најчесто е од постари повреди какви што се исчашување, или шинатост. Ослабените тетиви не го држат зглобот толку силно и ма поголем напор, зглобот излегува од лежиште. Многу гласен звук на пуцкање и силна болка од надворешна страна на петата можно е да значи дека пукнала „Ахиловата“ тетива.

Колена: Зошто пуцкаат колената кога ќе клекнете? Затоа што со спуштање ги оптеретуваме со тежина која е седум пати поголема од вкупната телесна тежина, што значи дека ткивото „протестира“. Најдобро решение за овој проблем и за зачувување на колената е телесни вежби со кои се јакнат мускулите околу колената.

VoStip,mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top