Home / аларм / Во мастики, ледени чаеви, чоколади – Јадеме „вештачки шеќер“ кој прави дупки во мозокот

Во мастики, ледени чаеви, чоколади – Јадеме „вештачки шеќер“ кој прави дупки во мозокот

Според научните студии, аспартамот може да предизвика многу штетни дејства, меѓу кои и тумор на мозокот, слепило и дури 90 други болести

aspartame5_med-300x276Аспартам или вештачкиот шеќер, иако одобрен од американскиот Завод за заштита на здравјето (ФДА) како безбеден додаток на храната, сепак, се’ повеќе истражувања покажуваат колку може да биде штетен врз здравјето на луѓето. Овој неенергетски синтетички интензивен засладувач – Л фенилаланин 1 метил естер, според научните студии, може да предизвика многу штетни дејства, меѓу кои и тумор на мозокот, слепило и дури 90 други болести. Со овие податоците научниците сакаат да го свртат вниманието на луѓето дека не знаејќи, со храната внесуваат и опасни материи во организмот.

Аспартамот денеска се користи во најмалку 6.000 производи. Продукти за дијабетичари, гуми за џвакање, нискокалорични пијалаци, чоколада, засладени инстант-кафиња, пудинзи, ладни чаеви, јогурти… се производи кои најчесто содржат аспартам, па се препорачува читање на декларацијата на амбалажата на производот и да се обрне внимание на засладувачот.

Во Европскиот систем на означување на прехранбените адитиви Е броеви го има кодот Е951. Дозволена дневна количина на аспартам во ЕУ е 40 микрограми на килограм телесна тежина.

Случајно откриена хемикалија

Аспартамот е случајно откриен кога се испитувал лек против чир на желудник, а својата популарност ја стекнал поради тоа што е 180 пати посладок од шеќерот и има далеку помала енергетска вредност. Почнал да се користи во 1983 година во САД. Во 1984 година Американците консумирале над 3 милиони килограми аспартам. Неколку месеци од почетокот на користењето на аспартамот во САД се зголемил бројот на дијабетичари за 30 отсто, а бројот на болни од тумор на мозокот за 10 отсто. Од почетокот на користењето на аспартамот до 1988 година, бројот на тужби до ФДА во врска со додатокот на храна пораснал за 80 отсто и сите биле поврзани со производи што содржат аспартам.

Аспартамот деjствува на ниво на гени

aspartam8Аспартамот дејствува на белковините, на некои делови на мозокот, но и на ниво на гените, односно ДНК. Поради ова, оваа материја може да дејствува на многу органи, а симптоми има многу. Сепак, листата која ја составила ФДА покажува дека поголемиот број од симптомите се од невролошка природа. Некои од знаците се главоболка, вртоглавица, промена на расположение, грчеви и болки во стомакот, промена на видот, напад и тресење, пролив, губење на памтењето, слабост, умор…

Луѓето меѓусебно се разликуваат по телесната осетливост на отровните материи, поради што симптомите не се јавуваат кај сите по ист период на изложеност на отровот. Безброј случаи на труење со аспартам покажуваат како симптомите исчезнуваат откако ќе се престане со користење на тој вештачки засладувач, иако, секако, остануваат некои долгорочни последици.

Аспартамот не е природен производ, туку хемикалија чија молекула содржи 50 отсто фенилаланин, 40 отсто аспартична киселина и 10 отсто метил естер, кој кога ќе се проголта, се претвора во метанол, кој е чист отров.

Стравотни резултати од истражувањата

aspartam9ФДА го прифатила аспартамот како сигурен производ на основа на студија финансирана од индустријата. Подоцна независни истражувања го покажале неговото вистинско дејствување врз организмот. Истражувањата на стаорци и глувци, меѓу другото, докажале дека аспартамот може да предизвика тумор на мозокот. Една студија е спроведена на мајмуни за да се види дејствувањето на отровот врз приматите. Мајмуните го консумирале аспартамот заедно со млеко, кое природно го забавува неговото дејствување. Од седум мајмуни, шест добивале напади, а еден умрел. Испитувањата на глувците покажале дека аспартамот дејствува и на потомството, бидејќи влијае на ниво на ДНК. Потомците на глувците кои консумирале засладувач имале тешки оштетувања на мозокот.

Аспартамот jа збуни jавноста

Во почетокот на 1980-тите години кога почнал да се користи аспартамот, научниците забележале значителен пораст на бројот на заболени од тумор на мозокот измеѓу 1983 и 1987 година. Националниот институт за рак на САД бил загрижен, бидејќи не знаел како да го објасни зголемениот број заболени. Знаеле дека не е работата во новата технологија, методите на откривање на туморот или начинот на неговата класификација, бидејќи тие работи не се менувале со децении пред зголемениот број заболени. Научниците уште повеќе се збуниле поради фактот што во истиот период бројот на заболени од останатите видови рак останал ист или се намалил. Почнале истражувања кои покажале сериозни здравствени проблеми од подолготрајното користење на аспартам.

aspartamОвој вештачкиот шеќер предизвикува симптоми на губење на памтењето, па се’ до појава на тумор на мозокот. Некои од 90 различни забележани симптоми предизвикани од аспартам, кои се наведени во овој извештај, се главоболка или мигрена, вртоглавица, губење на свеста, мачнина, вкочанетост, грчеви на мускулите, зголемување на тежината, осип на кожата, депресија, замор, раздразливост, забрзана работа на срцето, несоница, проблем со видот, вклучувајќи и губење на видот, губење на слухот, пречки во дишењето, напади на немир и паника, пречки во говорот, губење на вкусот, губење на памтењето и болки во зглобовите.

Според научниците кои ги проучувале споредните ефекти на аспартам е тоа што одредени хронични болести може да бидат предизвикани, поттикнати или да се влошат ако се консумира аспартам. Тоа се тумор на мозок, мултиплекс склероза, епилепсија, синдром на хроничен замор, Паркинсонова болест, ментална ретардација, Алцхајмерова болест, лимфоми, деформација на новороденче, фибромијалгија и дијабетес.

Дупки во мозокот

aspartam11Една од најчестите жалби на луѓето кои страдаат од штетните дејства на аспартамот е губење на памтењето. Меѓу научниците кои гласно ја предупредуваат јавноста на штетноста од земање аспартам и глутамат спаѓа и Адријан Самулс, експериментален психолог, и Олни, професор по психијатрија на Универзитетот во Вашингтон, кој воедно е и еден од најголемите светски авторитети, кога се во прашање ексцитоксините. Тој во 1971 година укажал дека аспартичната киселина предизвикува дупки во мозокот.

И матенолот опасен

И метанолот е смртоносен отров. Тој се ослободува во тенкото црево кога метилната група на аспартамот доаѓа во допир со химотрипсин ензимот. Овој отров во телото се разложува на мравја киселина и формалдехид, кој е смртоносен нервен отров. Според податоците на Заводот за заштита на природната околина (ЕПА), човекот во својот организам не би смеел да внесува повеќе од 7,8 милиграми на ден. Еден литар на пијалак што е засладен со аспартам содржи околу 56 милиграми метанол. Така, некои луѓе кои пијат или јадат малку повеќе аспартам преку засладените производи дневно во телото може да внесат околу 250 милиграми метанол, што е за 32 пати повеќе од она што го пропишува ЕПА. Симптоми што укажуваат на труење со метанол се главоболка, зуење во ушите, мачнина, проблеми со системот за варење, слабост, несвестица, проблеми со памтењето, но, сепак, најчести и најпознати симптоми на труење со метанол се во врска со слухот и видот. Замаглување и треперење пред очите, слаб вид, оштетување на мрежницата и слепило. Формалдехидот е познат како канцерогена супстанција, ја оштетува мрежницата на окото, ја попречува репликацијата на гените или ДНК, предизвикува деформации кај новороденчињата.

Што да се избегнува

Денес постојат неколку илјадници производи кои во себе содржат аспартам. Во секој случај, најчесто во телото се внесуваат со помош на т.н. диет-производи (диеталните) пијалаци, пудинзи, јогурти, гуми за џвакање, бонбони, сладолед…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top