Home / Болести и лечење / Внимание: Први симптоми на ракот на дебелото црево кои многумина ги игнорираат!

Внимание: Први симптоми на ракот на дебелото црево кои многумина ги игнорираат!

Ракот на дебелото црево е еден од најчестите облици на карцином, но оваа подмолна болест не е лесно да се открие навреме. Лекарите предупредуваат на симптомите на оваа болест која не смее да се игнорира!

stomak bolkaТочната причина на настанување на ракот на дебело црево не е во потполност јасна. Најчесто се јавува како последица на дејства од наследните фактори и фактори на средината, начинот на исхраната и стилот на животот.

Ризични фактори се исхраната богата со црвено месо и мастите од животинско потекло, пушењето, алкохолот, дебелината и слабата физичка активност.

Од рак на дебело црево може да заболи практично секој, но тој најчесто се јаува кај луѓето помеѓу 50-та и 74-та година од животот кај двата пола.

Болеста долго се разива без видливи тегоби. Кога знаците ќе се појават, болеста веќе е во напредна фаза.

Најчести симптоми на ракот на дебелото црево се:

– крвавење во столицата
– промени во празнењето на цревата
– болки во стомакот
– слабокрвност
– губиток на телесната тежина.

Што е рано откривање на ракот на дебелото црево?

Раното откривање (скрининг) на ракот на дебелото црево подразбира тестирање на здравите лица, без присутни симптоми и знаци на болеста, со цел откривање на промените, најчесто полипи, кои му претходат на настанувањето на ракот или на карцином во рана фаза.

Полипите се бенигни израстоци во внатрешноста на цревата. Во некои полипи со тек на времето можат да настанат малигни промени. Времето на преминување од бенигни во малигни промени се мери со години. Со благовремено откривање и отстранување на полипите пред во нив да се појават малигни промени, се спречува настанувањето на ракот.

Постојат неколку начини на скрининг.Тестирањето на примерок од столицата на присуство на крв, која е невидлива со голо око, а која често е прв знак за постоење на полипи или рак во дебелото црево, е најчеста користена метода.

Сите лица кои имаат од 50 до 74 години би требало да го направат тестот на скриено крвавење во столицата.

Позитивниот тест се уште не значи постоење на ракот. Лицата кај кои тестот е позитивен се упатуваат на колоноскопија, за да се открие причината за крвавењето – бенигни полипи, малигна болест или некое друго заболување на дебелото црево. Доколку тестот е негативен, повторно тестирање на скриено крвавење во столицата се прави после две години.

Имунохемиски тест за рано откривање на скриена крв во столицата

Раното откривање на ракот на дебелото црево значајно ги зголемува шансите за преживување на пациентот. Имунохемискиот тест е еден од тестовите кои кај здравите луѓе открива скриени траги на крв во столицата како први знаци на болеста.

Овој метод на прегледот на столицата е брз, едноставен и евтин. Го спроведува лицето само, а резултатите на тестот ги толкува лекар.

Лицата кај кои тестот е позитивен се упатуваат на колоноскопија за да се утврди причината на крвавењето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top