Home / природен лек / Витаминот Е помага при лекување на воспаление кај повозрасните

Витаминот Е помага при лекување на воспаление кај повозрасните

Воспалението на белите дробови најчесто е последица на инфекција со пнеумокока, односно бактериска стрептококус пневмонија (Streptococcus pneumoniae), а за одбрана се најбитни неутрофили – вид на бели крвни клетки.

vitaminБидејќи процесот на стареење често го следи и слабеење на функцијата на неутрофилите, лицата постари од 65 години се под поголем ризик од компликации од воспалението на белите дробови, пишува стручното списание „Immunology“.

Затоа, велат експертите, во истражувањето се користени постари глувци, кои четири седмици пред изложување на пнеумококи, биле поделени во две групи кои добивале две различни дози на витамин Е.

Контролната група добивала препорачана доза, додека експерименталната добивала поголема доза на витамин Е, која кај луѓето би била еквивалентна на внес од 200 единици дневно.

Резултатите покажале дека во споредба со контролната група, глувците кои добивале поголема доза на витамин Е по два дена од инфекцијата со пнеумокока имале дури илјада пати помал број бактерии во белите дробови и два пати помал број неутрофили.

Тоа резултирало со значително помало оштетување на белодробното ткиво и е забележано дека експерименталната група со инфекцијата се справувала како младите глувци.

Авторите на истражувањето заклучиле дека резултатите имаат потенцијално клиничко значење и оти улогата на додатокот на витаминот Е во борбата против воспалението на белите дробови кај повозрасните би требало подетално да се испитува и на луѓето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top