Home / аларм / Ви се оди во WC а стискате? – еве што може да ви се случи

Ви се оди во WC а стискате? – еве што може да ви се случи

Колку пати сте го одложувале мокрењето до последен момент, без разлика дали сте биле сред разговор, сред работа или едноставно сте избегнувале одење во јавен тоалет.

Но, колку е всушност опасно и што сè може да се случи ако премногу долго за здржувате урината?

podmocani zeni - urinarna inkontinencijaД-р Бенџамин Брукер за списанието Women’s Health откри што може да се случи доколку ја заджувате урината предолго, колку е опасно и дали можете да го навикнете телото поретко да мокрите.

Колку долго урината смее да се задржи?

Капацитетот на телото да ја задржува урината кај секој човек е различно, а се основа на количината на урина кој некој може да произведе, што пак е предизвикано од статусот на хидратација и претходниот внес на течности и за работата и чувствителноста на мочниот мерур, објаснува докторот. Поголемиот број на луѓе можат да ја задржат урината три до шест часа.

Што е најлошото што може да се случи?

Не постојат никакви специфични компликации кои се резулат на задржување на урината, но постои поголем ризик од инфекции на уринарниот тракт, кои се третираат со антибиотици. Ако се воспали уринарниот систем, ќе имате потреба почесто да одите во тоалет, а истото ќе ви се случи ако страдате од нарушување на хиперактивниот мочен меур и синдромот на болен меур. Ако одеднаш сфатите дека уринирате почесто, веднаш одете на лекар.

Дали можете да го навикнете вашето тело да уринирате помалку?

Свесни сте дека важно е дека треба да бидете хидрирани, но пиењето на многу вода има иритантна страна, а тоа е што вашето тело ве „вика“ во тоалет на секои неколку минути. Некои луѓе имаат почувствителен меур, па најдобро им е кога имаат најмала количина урина во себе. Во ред е да се обидат да ги тргнат мислите од таа потреба и да не се препуштат на секоја потреба на телото, тврди докторот. Тоа би можело да го прошири вашиот меур на здрав начин, но не треба да очекувате големи промени.

Затоа, ако чувствувате потреба за мокрење, не е голема и страшна работа да го задржите. Сепак, заради сопствено задоволство, кога и да можете, испразнете го мочниот меур, бидејќи ретко што носи такво чувство на олеснување!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top