Free songs
Home / природен лек / Природни лекови за ПСОРИЈАЗА

Природни лекови за ПСОРИЈАЗА

Јаболков оцет

Јаболковиот оцет може да се нанесува на кожата директно и да се користи во исхраната. Можете да додадете една полна чаша чаша јаболков оцет на водата во кадата, или да го натапкувате со натопен памук директно на раните. исто така може да се земе една супена лажица во чаша со вода.

lukЛук

Лукот може да биде кориснен и во третманот на псоријазните пациенти. Лукот е липоксигеназен инхибитор, што значи дека може да помогне да се спречи активноста на ензимите кои се одговорни за воспаление.

 Рибини јајца

Рибините јајца – познати и како икра, или кавијар – претставуваат еден од најдобрите извори на омега-3 масни киселини.

riba psorijazaЛосос или друга масна риба како што е туната

Оваа риба е полн со добри масти кои може да се намали воспалението, а исто така содржи каротеноид кој може да дејствува како антиоксиданс.

Без-глутенска храна

Една од најчестите видови чувствителности на храна кај псоријазните пациенти е чувствителноста на глутен – еден вид протеин кој се наоѓа во пченицата. Откажувањето од храна која содржи глутен (како на пример во леб, тестенини, и запршки со брашно) им има помогнато на многу пациенти со псоријаза да ги контролираат своите псоријазни настапи.

Избегнувајте nightshade зеленчук од фамилијата Solanaceae

Зеленчукот во Solanaceae, како што се пиперките, доматите, компирите, и модриот патлиџан, кои можат да имаат влијание врз луѓето кои се чувствителни на Алкалоидни супстанции. Алкалоидите може да влијаат на нервите и мускулите. Намалувањето на овие видови на зеленчук во вашата исхрана може да помогне да се намалат симптомите на псоријатичен артритис, ако сте чувствителни на нив.

Исто така поволен ефект при третирањето на псоријазата може да имаат и:

  •  Тиква (печена) која има интензивна портокалова боја и сладок вкус а е богата со бета каротен или провитамин А.
  •  Моркови (во сурова состојба и комбинирани со нерафинирано маслиново масло) кои исто така се полни со бета каротен или провитамин А
  •  Масло од орев (кое треба со помош на памук да се нанесува на заболените делови од кожата)
  •  Ладно цедено т.е. нерафинирано маслиново масло – употребувајте го во разни салати и друг вид на храна (супи, манџи).
  •  Рибино нерафинирано масло богато со Омега-3 и Омега-6 масни киселини кое е пожелно да се зема по една кафена лажичка пред јадење до трипати на ден
  •  Масни риби (лосос, туна и други)
  •  Ореви, и индиски ореви
  •  Бадеми
Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top