Home / нови лекови / Вградено второто вештачко срце на пациент во Франција

Вградено второто вештачко срце на пациент во Франција

Откако на 18 декември беше вградено првото вештачко срце на 76-годишниот пациент Клод Дени, продолжи тестирањето на првото самостојно вештачко срце произведено од Кармат, кое е вградено на нов пациент, јавува дописникот на МИА од Париз.

Artificial-heartОваа нова операција е изведена од професорот Даниле Даво во болницата во Нант и засега таа се држи во тајност. Првиот пациент со вештачко срце живееше 75 дена.

Причините за неговата смрт се поврзани со проблеми во функционирањето на срцето, но сепак Кармат доби дозвола да продолжи со клиничките тестови.

Операцијата за всадување вештачко срце во европската болница Жорж Помпиду во Париз беше направена на 18 декември 2013. Според проценките од оваа технологија на Кармат во Европа и Северна Америка имаат потреба околу 100.000 до 120.000 потенцијални пациенти, односно пазар проценет на околу 16 милијарди евра.

Цената на едно вештачко срце, направена од биоматеријали, според проценките изнесува меѓу 140.000 и 180.000 евра, додека класична трансплатација чини 250.000 евра во Франција и речиси еден милион долари во САД, според бројките дадени од Кармат

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top