Home / алтернативна медицина / Вежби за мозокот: Како да го подобрите помнењето и да ја сочувате бистрината на умот

Вежби за мозокот: Како да го подобрите помнењето и да ја сочувате бистрината на умот

Научниците веќе докажаа дека човечкиот мозок има чудесни способности на регенерација и дека може брзо да се прилагоди. Со правилно поттикнување, мозокот може да создаде нови нервни врски и да го зголеми когнитивниот капацитет, поради што ќе можете полесно да учите и да помните.

mozok-225x300До зрелото доба, мозокот создал над милиони невронски врски со чија помош решавате различни проблеми и обработувате информации. Но, не треба да се задоволите со тоа, на мозокот му требаат нови стимуланси за да се развива правилно. Меѓутоа, имајте едно нешто на ум, активноста која ќе ја изберете треба да биде нешто ново. Ако изберете нешто во кое веќе сте добри, дури иако е интелектуално предизвикувачки, тоа не е најдобар извор на ментална вежба. Обидете се да вежбате секојдневно, од прилика во исто време, затоа што така побрзо ќе развиете нови нервни врски.

Овие вежби помагаат за развивање на менталните способности кај младите и ја штитат острината на мозокот кај постарите:

1. Научете песна на памет, играјте шах, уживајте во тежок крстозбор, научете телефонски броеви на памет, правете пресметки без помош на калкулатор, научете зборови од нова песна, запомнете листа од работи кои треба да ги купите. Само внимавајте да изберете нешто ново.

2. Користете друга рака, левата ако сте деснораки и обратно. Така јадете, чешлајте се или ракувајте со глушецот. На тој начин ќе ја стимулирате комуникацијата измеѓу двете хемисфери на мозокот, што ќе го подобри менталниот капацитет и физичката рамнотежа.

Ако секојдневно сте истрајни во применувањето на вежбите, наградете се. Така ќе имате уште еден поттик за вежбање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top