Home / природен лек / Ве чешаат очи, имате првут, грчеви – ви недостасува калиум

Ве чешаат очи, имате првут, грчеви – ви недостасува калиум

Калиумот заедно со натриумот, хлорот, магнезиумот и калциумот,ја  поддржаат клучната  ацидобазна рамнотежа во организмот.

Човек губи калиум при обилно потење, често мокрење и повраќање.Редовната употреба на кафе и алкохол, исто така предизвикуваат хипокалемија (медицински термин за ниско ниво на калиум во крвта).

61217156Предвременото стареење обично се должи на недостиг на калиум во организмот од погрешен начин на живот со имобилизација и негативизам.

Докажано е дека недостатокот на калиум допринесува за многу болести ,вклучувајќи : аритмија, камења во бубрезите , висок крвен притисок , гастричен колитис , хипотироидизам , синдром на раздразнети црева, косата губи сјај и сјајноста со можност за ќелавост , а кожата станува сува .

Калиумот за меките ткива е она што е калциумот за коските.

Тој ги поддржува подвижни и флексибилни артериите. Човек може да си обезбедува секојдневно калиум преку консумирање на интегрални житарки кои не го  изгубиле при преработката и рафинирањето  калиумот , витамин Е и Б-комплекс , аминокиселините.

Телесните знаци на недостиг на калиум се:

Слабост во грбот и вкочанетост. Главоболка по будењето со вртоглавица. Чешање по кожата на главата со првут. Можно е и ќелавост. Чешањето во очите. Физичка и ментална замор. Нервоза и раздразливост. И најмалиот напор предизвикува треперење, тикови на лицето и мускулни грчеви.

Во сите слични случаи, се препорачува редовно конзумирање на овошје и зеленчук.

Различни сорти на јаболка нудат различност од вкусови, сочност и сладост.Јаболките се повеќе од добра храна, поради содржината на калиум.

Многу нутриционисти препорачуваат секојдневен прием на лажичка јаболков оцет со мед, бидејќи и пчелниот мед, и јаболковиот оцет се добар извор на калиум.

Природни храни, особено богати со калиум се:банани, кајсии, грозје, тиква, цитрус, маслинки, овес, сусам, пченкарно брашно, пченица, бадеми, семки од сончоглед, ореви, смокви, бамја, спанаќ и други зеленолистнати зеленчуци, печурки, леќа, мед, кавијар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top