Home / Болести и лечење / Ве боли вратот? – со вежби може да го откочите

Ве боли вратот? – со вежби може да го откочите

Неприспособената висина на работната површина и на столот на кој седиме придонесува за зголемено оптоварување на вратот

Голтањето, дишењето, зборувањето, поврзувањето со телото, држењето на главата и нејзиното движење спаѓаат во групата одговорности на вратот.

neck painБолките во пределот на вратот може да се шират накај едното или накај двете рамена, крилата или предницата кај градниот кош. Проследени се со вкочанетост на вратот и ограничени движења. Таа состојба се нарекува цервикален синдром.

Ако болките од вратот се шират на едната страна на главата, може да се појави нарушување на видот, шум или брмчење во ушите, нарушување на рамнотежата, вртоглавици, мачнини и повраќање. Во тој случај станува збор за повеќе симптоми што го отсликуваат цервикоцефалниот синдром. Болките може да се шират и во една и во две насоки кон рацете сè до прстите. Може да се појави благо здрвување на прстите или трпнење, намалена или зголемена чувствителност на кожата и губење на силата во раката. Така говориме за цервикобрахијален синдром. Сите три синдроми се јавуваат кај младите луѓе, кај жените до 30 години и мажите до 40 години.

Причини и последици

Болеста или нарушувањето на секое од наведените структури во вратот може да биде причина

за болка. Но, исто така причини може да бидат и заболувања на срцето, белите дробови, главата, како и нервите. Од останатите причини треба да се споменат и мускулно-скелестиот систем, дегенеративните промени на меките и тврдите ткива, ревматски болести или слабо физичко движење.

neck pain2Иако сите можни причини треба да ги имаме на ум, сепак дегенеративните се најчести кога станува збор за болки во вратот.

Покрај ова, влијание имаат и секојдневните микротрауми, кои настануваат од острите и наглите движења на главата, но и лошата положба при работење на компјутер, возење автомобил и слично. Неприспособена висина на работната површина и столот на кој седиме придонесуваат за зголемено оптоварување на вратот, како и неквалитетен ноќен одмор од висока или ниска перница и спиење на стомак.

Прецизна болка

Дијагнозата за вратните болки се поставува со анамнеза, клиничкиот преглед и рендгенска снимка. Важните информации се дознаваат од самиот пациент: каде, кога и како почнале болките, нивното развивање, дали биле постепени или остри, нивната сила и слично.

neck-pain-3Клиничкиот преглед опфаќа целосна слика заедно со рефлексите, мускулната сила, движење, проверка на состојбата на кожата, евентуални отоци, асиметрија во висината на рамената и друго. Болката и напнатоста на мускулите, а понекогаш и присуство на болки во мускулите, упатуваат на одредена дијагноза.

Движењето на вратот се испитува активно и пасивно во сите насоки, напред, назад, странично и кружно движење.

Кај цервикалниот синдром најпрво се ограничуваат страничните и кружните движења.

Различни тераписки пристапи

Тераписките пристапи се разликуваат во акутна или во хронична фаза. Во акутната фаза, кога болките се интензивни, а вратот вкочанет, целта на лекувањето е намалување на болките и опуштање на мускулите.

Тоа се постигнува со аналгетици или со лекови против воспаление и седативи што дејствуваат за опуштање на мускулната маса. Во текот на таа фаза потребно е мирување на вратот, а во ноќните часови на мека подлога.

wwb_img5Во хроничната фаза, кога се намалува интензитетот на болката, се применуваат сличните лекови, но придружени со масажа, електротерапија и тракции. Топлинските процедури се применуваат во облик на топли облоги, топли бањи, туширања, инфрацрвени светилки, тераписки ултразвук.

Сите наведени процедури топлинска, електро и масажа служат како вовед во кинезитерапија, а вежбите за истегнување, изометриските вежби за зајакнување на мускулите се во делот на физиотерапијата.

Успех со киропрактика

Лекувањето на вратните болки може успешно да се спроведе и со методите на хиропрактика, но само во рацете на добар експерт. Оперативното лекување не е често, но некогаш е потребно.

Со заштитна положба, движење при работа, нормализирана висина на работната површина и столот, користење нормална перница, спиење настрана или на грб може да влијае превентивно против болките на вратот.

Секојдневното 20 минутно вежбање ќе ги одржува вратните мускули доволно јаки за да ја зачуваат функцијата и да ги ублажат многубројните трауми на кои секојдневно се изложени.

Dnevnik 

wwb_img5

2 comments

  1. najprvo bi trebalo da se konsultirate so strucno lice pred da pisuvate,elektoterapijata e vo delot na fizikalna terapija,a dodeka vezbite pretstavuvaat kineziterapija

  2. Kineziterapija- lecenje preku dvizenje

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top