Free songs
Home / природен лек / Црвената бабура, кокос, спанаќ – еве што се ви ја чува кожата

Црвената бабура, кокос, спанаќ – еве што се ви ја чува кожата

Дали веќе сте изморени од користење на разни скапи и често неефикасни креми за лице? Пробајте со начинот на исхрана да дојдете до совршена кожа. Ова се неколку продукти кои ќе ви го задржат сјајот на лицето и ќе ви ја обноват и ревитализираат кожата.

Црвени бабури

piperka baburaЦрвените бабури може да ги јадете  готвени и свежи. Една пиперка содржи повеќе од 100 отсто дневни потреби за витамин Ц. Истотака влакната и витаминот Б6 од пиперката, а особено каротеноидите го спречуваат создавањето на брчките, ја забрзуваат циркулацијата и ги спречуваат акните. Една пиперка има околу 30 калории.

Црно чокладо

Богато е со антиоксиданси, масни киселини и флавоноиди кои на кожата и даваат сјај. Антиоксидансите ја штитат кожата од штетното дејство на сонцето, додека какаотто ги опушта артериите.

Лосос

Лососот е продукт кој го намалува стресот напнатоста и депресијата и ги обезбедува дневните потреби за витамин Д. Тој витамин е одговорен за здравјето на срцето, коските, цревата и мозокот.

Кокосово масло

Кокосовото масло е еден од најдобрите извори на заситени масти. Содржи лауринска киселина која е моќно антибактерсико средство кое ги спречува вирусите, инфекциите воспаленијата и акните. Посебно е добро за тироидната жлезда.

Зелен чај

Зелениот чај е голем извор на антиоксиданси и амино киселини, Л-теанин кој помага во релаксација на организмот и намалување на стресот.

Спанаќ

Спанаќот е богат со железо, фолна киселина, хлорофил, витамин Е, магнезиум витамини А и Ц.

Семки

Сончогледовите семки и семките од тиква имаат големо количество на селен , витамин Е, магнезиум и протеини.

Моркови

Морковот е добар за кожата. Богат е со витамин А и спечува прекумерно производство на клетки во надворешниот слој на кожата.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top