Дали веќе сте изморени од користење на разни скапи и често неефикасни креми за лице? Пробајте со начинот на исхрана да дојдете до совршена кожа. Ова се неколку продукти кои ќе ви го задржат сјајот на лицето и ќе ви ја обноват и ревитализираат кожата.
Црвени бабури
Црвените бабури може да ги јадете готвени и свежи. Една пиперка содржи повеќе од 100 отсто дневни потреби за витамин Ц. Истотака влакната и витаминот Б6 од пиперката, а особено каротеноидите го спречуваат создавањето на брчките, ја забрзуваат циркулацијата и ги спречуваат акните. Една пиперка има околу 30 калории.
Црно чокладо
Богато е со антиоксиданси, масни киселини и флавоноиди кои на кожата и даваат сјај. Антиоксидансите ја штитат кожата од штетното дејство на сонцето, додека какаотто ги опушта артериите.
Лосос
Лососот е продукт кој го намалува стресот напнатоста и депресијата и ги обезбедува дневните потреби за витамин Д. Тој витамин е одговорен за здравјето на срцето, коските, цревата и мозокот.
Кокосово масло
Кокосовото масло е еден од најдобрите извори на заситени масти. Содржи лауринска киселина која е моќно антибактерсико средство кое ги спречува вирусите, инфекциите воспаленијата и акните. Посебно е добро за тироидната жлезда.
Зелен чај
Зелениот чај е голем извор на антиоксиданси и амино киселини, Л-теанин кој помага во релаксација на организмот и намалување на стресот.
Спанаќ
Спанаќот е богат со железо, фолна киселина, хлорофил, витамин Е, магнезиум витамини А и Ц.
Семки
Сончогледовите семки и семките од тиква имаат големо количество на селен , витамин Е, магнезиум и протеини.
Моркови
Морковот е добар за кожата. Богат е со витамин А и спечува прекумерно производство на клетки во надворешниот слој на кожата.