Home / алтернативна медицина / “Tотална терапија” – Рак, леукемија и други наизглед неизлечливи болести

“Tотална терапија” – Рак, леукемија и други наизглед неизлечливи болести

Австрискиот натуропат Рудолф Бројс (1899 – 1990) развил метод на терапевтско гладување познат како “тотална терапија”. Тој е автор на книгата “Рак, леукемија и други наизглед неизлечливи болести”. Во неговото писание наведува дека излекувал повеќе од 40.000 пациенти заболени од рак и од други тешки болести. Негова основа во лекувањето е гладувањето.

Изгладнување по упатство

1-rak-prije-i-nakon-tretmana-sodom-bikarbonom-300x225Според Бројс, ракот е самостоен сегмент создаден во организмот, а за неговиот раст и напредок се виновни протеините што се содржат во тврдата храна. Својствено на ова, канцерогените клетки може да се уништат со гладување и внесување сокови од органски изгледани зеленчуци. Тие не ги содржат штетните протеини како цврстата храна, па на тој начин го ослабуваат канцерот, а на крајот доаѓа до негово уништување. Затоа, во текот на диетата не треба да внесувате никаква цврста храна што би можела да ја потхрани болеста.

Како што советува Бројс, оваа терапија се практикува 42 дена или шест седмици. За тоа време од организмот ќе се излачат сите нездрави состојки што претходно биле внесувани преку храна, а организмот ќе биде целосно обновен.

Во текот на лекувањето, Бројс користел сокови од коренест зеленчук. Терапијата што ја препорачува се состои од 3 до 5 децилитри сок од моркови, корен од целер, ‘рдокви и компир. Соковите се прават на едноставен начин. Прво зеленчукот се вари (се препорачува на пареа), а потоа се меле додека не се претвори во течна состојба.

Покрај тоа, се зема до два литра дневно бистра супа со лук. За време на терапијата задолжително треба да го исфрлите шеќерот од употреба, белото брашно, сувомесните производи и конзервираните продукти.

Од што зависи успехот на терапијата

Бројс тврди дека успехот на “Тотална терапија” може да биде доведен во прашање или намален ако процедурата не се применува според неговите упатства.

Исто така, постои можност за неуспешна терапија ако напоредно со неа употребувате методи или средства што ги користи класичната медицина. Станува збор за медикаменти кои покрај тоа што ги уништуваат канцерогените клетки им штетат и на здравите.

60762420-napitak-zdravlje-zeleni-sok-241x300Соковите мора да бидат исклучиво од органско одгледан зеленчук. Бидејќи, ако користите продукти што се загадени со пестициди, ќе се постигне спротивен ефект и наместо прочистување на организмот и оздравување, ќе придонесете за негово загадување или труење, што може да развие и други болести.

Во текот на гладувањето се препорачува одреден период од денот да се поминува на свеж воздух, да се практикуваат физички активности и масажи.

Од особена важност е фактот дека процесот на лекувањето опфаќа и поттикнување и негување позитивен став, односно лишување на стресот и на нездравите навики кои значително ја поттикнале болеста.

Исфрлете ги хемикалиите и отровите

Бројсовата терапија не е едноставна како што се чини. За да ја издржите, навистина треба да сте решени дека ќе се држите до правилата. Соковите се само дел од сложената терапија, која токму затоа се нарекува и “тотална терапија”.

За соковите да го достигнат резултатот, треба да го стимулирате организмот и преку физички активности. Ако немате доволно сила за вежби, доволно е барем еден час во текот на денот да пешачите на чист планински воздух. Тоа подразбира дека прошетките во центарот на градот каде што има многу сообраќај, нема позитивно да ви дејствуваат.

Опишувајќи го начинот на кој се предизвикуваат овие заболувања, во својата книга Бројс споменува дека дополнителни виновници за тоа се хемикалиите, нечистотијата во домовите, како и средствата што ги користиме за домаќинство, како спрејови против инсекти, мирисите за освежување на просториите, хемиските средства за чистење и слично. Таквите средства треба веднаш да ги исфрлите од домот. Бројс советува дека, наместо освежувач за просторија, може да користите природна лаванда или темјан, а пак за чистење прав подобро користете алкохолен пијалак.

Исто така, тој напоменува дека треба да се одвикнеме од подгрејување на храната, користење замрзнати производи, како и хемиски третирана храна. Тие содржат конзерванси, а тоа во терапијата е недозволиво.

Одбегнувајте штетни зраци

rudolf_brojs_lМеѓу другото, Бројс тврди дека заболените од канцер и други тешки болести треба да направат и соодветен распоред во домот. Кај многумина од неговите пациенти се покажало дека нивната спална соба односно креветот во кој спијат биле поставени на подземни води или каде што тие се вкрстуваат. Тој вели, дека можеби звучи чудно, но откако го забележал тоа кај повеќе пациенти го вметнал распоредот во домот како дел од терапијата. Бројс напоменува и дека треба да се внимава какви домашни апарати се користат и максимално да се одбегнува секаков вид зрачење. Во денешното време, тука би припаѓале и мобилните телефони, компјутерите и слично.

И како превентива

Неговата терапија може да се применува и превентивно.

Поттикнувањето на процесот на прочистување на организмот и зајакнување на имунитетот, не смее да има нуспојави. Затоа, ако се држите до неговите строги упатства, нема да имате проблем со спроведување на терапијата.

Многумина, овој начин на изгладнување го користеле и за здраво намалување на килограмите. Постењето или гладувањето од дамнина е познато како процес на чистење на организмот и зајакнување на имунитетот, а во Европа се применува и со стручен лекарски надзор уште во почетокот на 20 век.

Според ова, гладувањето како лек често се употребува во класичната медицина, особено во Русија каде што овој метод зазема големо место во здравствените институции.

Од Бројсовата терапија може да се изгубат и до 15 килограми. Затоа се препорачуваат редовни проверки на крвта. Исто така, тој напоменува дека оваа терапија не смеат да ја применуваат деца,трудници и лица во терминална фаза на малигно заболување.

Правила што не смее да ги прекршите
– задолжително користење органски зеленчук
– целосно одбегнување цврста храна, особено сувомесни производи
– не употребувајте замрзнат зеленчук
– задолжителна физичка активност
– најмалку еден час дневно на свеж или планински воздух
– масажи

Зеленчуци што се препорачуваат
Во терапијата на Бројс не е забрането да се користи кој било зеленчук, но тој ги препорачува коренестите, а најмногу следниве:
– моркови
– корен од целер
– компири
– ‘рдокви
– цвекло

Во наредните денови Бабин Лек ќе ја објави комплетната рецепта за оваа терапија против рак

Dnevnik 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top