Мислевте дека можете да забремените доколку за прв пат имате секс, додека доите, или додека имате менструација? Проверете дали следните тврдења се вистина или заблуда.Тврдење 1: Не можам да останам бремена доколку користам кондом или пилула?!
– Таблетите за контрацепција и кондомите се најдобриот начин да се избегне бременоста. Но доколку кондомот испадне во текот на односот неговата заштитна моќ се намалува за дури 20 проценти, а доколку заборавите да се напиете таблета можностите за заштита се намалуваат за 15 отсто.
Тврдење 2: Не можам да останам бремена доколку имам односи за време на менструација?!
– Тоа скоро во целост е вистина. Само кај два проценти од случаите се случува жена да забремени на почетокот или на крајот од менструацијата.
Тврдење 4: Доењето ме штити од бременост?!
– Овулацијата и менструацијата нема да се случуваат додека доите, но тоа не е трајно. На крај менструацијата ќе ви се врати, а пред тоа сигурно ќе постои овулација, а за тоа нема да знаете. Така, сепак можете да забремените додека доите.
Тврдење 3: Не можам да забременам кога имам однос по прв пат?!
– Доколку имате односи додека овулирате секогаш можете да забремените. Дознајте повеќе за вашиот менструален циклус и користете заштита.
Тврдење 5: Секогаш ејакулира надвор, па нема да забременам?!
– Машкиот полов орган создава течност пред ејакулацијата која се нарекува преспермална секреција која содржи сперма.
Ако тој не е внимателен течноста може да остане во вагината.
Овој метод на „заштита“ спречува несакана бременост помалку од 30 проценти кај случаите.
BabinLEK Lekovite na nasite babi ne gi pobila medicinata do den denes