Free songs
Home / аларм / Tигрестите комарци летаат без пасош – реална опасноста од зарази – Македонија мора да се заштити

Tигрестите комарци летаат без пасош – реална опасноста од зарази – Македонија мора да се заштити

Кај нашиот сосед Србија, поради поплавите и можноста од инвазија на комарци и инсекти, во моментов интензивно се прска за да се заштити населението, животните и севкупната животна средина. Според информациите од Секретаријатот за заштита на животната средина, вчера и викендов ќе се прска авионски во Белград и во регионот на Обреновец, Сурчин, левиот брег на Дунав, Лазаревац… Со прскањето треба да се сузбијат ларвите на комарците, но и да се уништат и возрасните видови комарци, пишува Вечер.

320387_komarci-02-ifas.ufl_.edu_ff-300x274Лани во Србија заболеа 180 лица од западнонилска треска, од кои 32 починаа.
Во Македонија, иако нема тигрести комарци, коишто предизвикуваат западнонилска треска, минатиот викенд стартуваше годинашната аеросолна дезинсекција (авионска) против комарци во Скопје, а во следниот период вакво прскање ќе има и во другите региони од државата. Викендов е најавено дека ќе се прска во регионот на езерото “Младост”, селото Отовица, месноста Јарбош, по течението на Вардар од север, од Башино Село низ градот Велес се до вливот на реката Бабуна и селото Горно Караслари.

Надлежните служби од ресорното министерство велат дека во летниот период особено е неопходна самозаштитата од комарци. Тоа значи дека секојдневно граѓаните треба да се мачкаат по телото со препарати против убоди од комарци, да постават мрежи на прозорците во домовите, а на отворени површини, особено во дворовите, да не се чува застоена вода во буриња.
Но, не секој кој ќе биде каснат од комарец ќе заболи од западнонилска треска.

Лекарите потврдуваат дека станува збор за заболување што се пренесува со каснување од заразен комарец со вирусот на западнонилска треска. Кај најголем број заболени болеста може да помине асимптоматски, односно без симптоми, додека кај помал дел од заболените се јавуваат симптоми како висока температура, треска, главоболка, мачнина, замор и сл.

Според д-р Јованка Костовска, раководител на Секторот за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство, кај 80 отсто од оние кои се каснати од инфициран комарец болеста може да помине асимптоматично, односно да бидат каснати од комарец, но да не почувствуваат ништо. Кај 20 отсто од случаите може да се јават симптоми слични на грипот, со температура, главоболка, омалаксаност, но и тие поминуваат, а само кај еден отсто од случаите може да се јават менингит енсефатил или паралитични форми или таканаречените потешки форми.
Лани во земјава беше регистриран и случај на бебе што беше заболено од западнонилска треска, но генерално, немаше потешки случаи на заболени, за разлика од 2012 година, кога 4 лица починаа како последица од каснување на тигрест комарец.

Западнонилската треска се препознава доколку има појава на главоболка, болки во телото, можен е осип на кожата и потечени лимфни јазли, а во тешки случаи на болеста има појава на висока температура, грчеви и губење на свеста, вкочанетост на вратот, сонливост и главоболка.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top