Free songs
Home / Болести и лечење / Што ќе се случи ако се предозирате со Аспирин?

Што ќе се случи ако се предозирате со Аспирин?

Аспиринските труења може да се појават акутно после земање на високи дози или постепено да се развијат после повторувано земање на помали дози.

aspirinСимптомите може да вклучуваат зуење во ушите, гадење, повраќање, конфузност и тешко дишење. Дијагнозата се базира на крвните тестови. Третманот вклучува давање на активен медицински јаглен преку уста или гастрична сонда доколку пациентот неможе да голта, давање на течности и бикарбонати преку вена, и за тешките крварења се применува хемодијализа.

Ингестијата на аспирин и слични лекови (салицилати) може да доведе до рапидно крварење доколку дојде до предозирање. Како и да е, дозата која е неопходна да предизвика акутно труење е прилично висока. Човек кој тежи околу 70кг, би требало да земе повеќе од триесет 325-мг аспирин таблетки за да предизвика средно крварење. Акутното аспиринско прекумерно предозирање е секако акцидентално – ненамерно.

Хроничното аспиринско крварење може да се развие ненамерно со земање на повторени дози на аспирин. Децата со треска на кои им е давана доза на аспирин поголема отколку препишаната од лекарот, за неколку дена може да развијат труење, иако на децата ретко им се дава аспирин поради ризикот од развој на Рејов синдром.

Возрасните лица и постарите лица може да развијат турења после неколку недели од употребата на аспирин. Дозата на аспирин препорачана за лица со коронарна артериска болест со цел да се редуцира ризикот од срцев удар е премала за да предизвика хронично аспиринско труење.

Симптоми

aspirin2-300x186Првите симптоми на акутното аспиринско труење се гадење и повраќање, следени со брзо и тешко дишење, звонење во ушите и појава на отоци по телото. Подоцна, доколку крварењето е тешко, лицето може да развие треска, малаксаност, светкања пред очите, хиперактивност, конфузност, напади, оштетување на мускулите (рабдомиолиза), оштетување на бубрезите и потешкотии со дишењето.

Симптомите на хроничното аспиринско труење се развиваат после неколку дена или недели од континуираното земање на аспирин. Малаксаност, субтилна конфузност и халуцинации се најчестите симптоми. Може да се развијат и светки пред очите, тешкотии со дишењето, недостаток на воздух, треска, дехидратација, низок крвен притисок, ниско ниво на кислород во крвта (хипоксија), создавање на млечна киселина во крвта (лактатна ацидоза), насобирање на течност во белите дробови (пулмонален едем), напади и оток на мозокот.

Дијагноза и третман

За да се одреди точното ниво на аспиринот во крвта потребно е да се земе крв за анализа. Мерењето на Ph (киселоста на крвта) киселоста на крвта и нивоата на јаглеродниот диоксид или бикарбонатите во крвта исто така може да им помогнат на лекарите да го одредат степенот на труењето. Тестовите обично се повторуваат неколку пати за време на третманот за да се одреди дали лицето се опоравува после труењето.

Активен јаглен се дава веднаш со цел да се редуцира аспиринската абсорпција. За средни или тешки труења, течности кои содржат натриум бикарбонат венски се даваат, а во случај доколку не е оштетена функцијата на бубрезите се додава и калиум во течностите. Вака направените раствори го поместуваат аспиринот од крвта во урината.

Доколку состојбата на унесреќениот се влошува и покрај сите превземени третмани, хемодијализата (која користи артефициелни бубрези – дијализери, со цел да го исфилтрираат отровот – аспиринот), може да го одстранат истиот, а во исто време да ги одстранат и останатите салицилати и киселини од крвотокот. Останатите симптоми како треска или напади може да се третираат доколку е неопходно.

Think.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top