Free songs
Home / аларм / Таблети за спиење – Вредат или не за сонот кој го пружаат?

Таблети за спиење – Вредат или не за сонот кој го пружаат?

Спиењето е многу важно за здравјето, но дали е толку важно за да користите таблети за да го добиете?

Постојат многу спротивставени информации за спиењето и корисноста или штетноста од користење на апчиња за спиење.

pill-apceСпиењето е добро, нема сомневање за тоа, но некои истражувања покажуваат дека дејството од апчињата за спиење може всушност да има контра ефекти врз здравјето и да предизвика повеќе штета отколку корист.

Многу спиење е добро?!

И тука постојат многу спротивставени тези и истражувања. Првите велат дека на човекот му се потребни помеѓу 8 и 9 часа сон за непречено дејствување во текот на денот и за физичко и емоционално здравје. Ова вклучува спиење во било кое време од денот и секако, употреба на пилули за спиење.
Другите пак сметаат дека на човекот му се потребни помеѓу 3.5 и 7 часа на сон. Па, во што да веруваме?

Сите сме го прочитале фактот дека клучот на намалување на ризикот на многу болести е 8 часа на спиење.
Сепак една студија изведена од страна на Медицинскиот факултет во Сан Диего, Калифорнија, и Американското здружение за борба против ракот се обидела да дојде до сознанието дали е подобро да се практикува кратко или подолго спиење.
Резултатите биле помалку шокантни: учесниците со најмала стапка на смртност биле оние кои со просечни 7 часа на спиење и 3.5 часа најмалку секоја ноќ. Оние кои спијат од 7.5 часа и повеќе, имаат 12% повеќе ризик на смртност за наредните шест години, колку што и се извршувало испитувањето.

Најшокантно е што луѓето кои конзумирале пилули за спиење на секојдневна основа имале најголем ризик на смртност, помеѓу 10 и 15%.

Се смета дека големата стапка на користење на апчињата за спиење се всушност во голема мера предизвикани од верувањето дека нивното конзумирање овозможува попродуктивен и посреќен живот.

Индустријата има голема корист да го одржи верувањето кај луѓето дека “8 – часовниот сон” е совршен за вашето здравје, кога фактите покажуваат дека оние кои спијат помалку на крајот се поуспешни во работите кои ги извршуваат.

Одговор на големото прашање.

Дали таблетите за спиење вредат за сонот кој го обезбедуваат? Зависно од ситуацијата, најверојатно не! Најстрого ви препорачувам пред да се одлучите да користите таблети за спиење, претходно добро да ја “отспиете” одлуката…буквално!

Не се решавајте пред да ги пробате сите алтернативни, природни решенија.

Faktor.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top