Free songs
Home / природен лек / Свинската маст е здрава и лековита

Свинската маст е здрава и лековита

Свинската маст години наназад е неправедно запоставувана, а нејзиниот углед се намалил со кажувањата дека лошо делува на човечкото здравје. Но последните истражувања одат во прилог на маста. Дури се смета дека е здрава за човечкиот организам. Како и со се друго, така и со маста не треба да се претерува, но секако заслужува да биде дел од секое домаќинство. свинската маст пред се е природна, нерафинирана и во секој случај поздрава од индустриски произведените маснотии.

svinska mastПо својот состав,таа има 40% заситени маснотии, а во кокосовото масло има 85% заситени маснотии. Оваа споредба е направена од причина , колку не веруваме дека маста е здрава, а кокосот е здрав. Повеќето заситени маснотии во свинската маст се составени од олеинска киселина, која е здрава масна киселина и која му користи на работата на срцето и која е поврзана со ниско ниво на холестерол во организмот.

Во свинската маст има двапати повеќе олеинска киселина од путерот.

Таа има висока точка на вриење и својата структура не ја менува при загревање над 250степени.Од таа причина, намирниците кои се пржат во свинска маст апсорбираат помалкуштетни радикали, отколку сите други кои ги користиме за пржење, во споредба со пржењето на путер или рафинирано сончогледово масло на пример.Секако дека пржената храна не се препорачува во големи количини, но кога веќе тоа го правите, најдобра опција е маста, која на јадењето ќе му го даде и оној вкус кој го памтиме од готвењето на нашите баби.

Таа е добра за јадење бидејќи и многу бргу го заситува организмот.

Докажано е дека природните маснотии му се потребни на човекот, за извршување на секојдневните активности. Маснотиите содржат калории, но истражувањата потврдија дека станува  збор за намирница која создава подолготрајна ситост.

Холестеролот кој го содржи свинската маст, под влијание на УВ зраците се претвора во витамин Д, значаен за апсорбција на калциумот

За најдобра маст се смета она која е минимално обработена, од подрачјето на свинскиот стомак и бубрег или грбот. Покрај ова поквалитетна свинска маст, маста се добива и со топење на салото што е земено од разни внатрешни органи на свињите.

1. Не содржи опасни трансмасни киселини

1_mastБројни студии покажале дека прекумерниот внес на масти, најпрво оние со поголема содржина на заситени масни киселини, ги зголемуваат нивоата на холестерол во крвта и се ризичен фактор за развој на атеросклероза како и за некои хронични дегенеративни болести.

Како „здрава“ замена на путерот и на свинската маст е создаден маргаринот, кој неупатените го сметаат за продукт врз база на билни масла. Меѓутоа, тој содржи трансмасни киселини штетни за здравјето.

Денес може да се каже дека тврдиот маргарин е поопасен за настанување на срцев удар отколку свинската маст, која практично ја исфрливме од исхраната, велат нутриционистите. Да, свинската маст содржи незаситени маснотии и холестерол, но не ги содржи многу опасните трансмани киселини. Тие ги креваат нивоата на „лошиот“ ЛДЛ холестерол и го намалуваат нивото на „добриот“ ХДЛ холестерол.

Докажано е дека трнасмасните киселини се штетни за човековото здравје и придонесуваат за опаѓање на имунитетот, појава на дебелина, шеќерна болест (дијабетес), зголемено ниво на холестерол и за развој на болестите на крвните садови.

2. Холестеролот под влијание на УВ зраците се претвора во витамин Д

Овој витамин учествува во апсорпцијата на калциумот, кој е потребен за раст и за одржување на здравите коски. Меѓутоа, не треба да претерувате бидејќи поздрава опција е млекото, од кое можете да обезбедите доволно витамин Д.

Новите истражувања покажуваат дека свинската маст не е само богата со заситени масни киселини и холестерол. Свинската маст има околу 40 отсто заситени маасти, околу 50 отсто мононезаситени масти (најмногу олеинска и палмитолеинска) и околу 10 отсто полинезаситени масти (линолна, линоленска, арахидонска и ДХА). За разлика од заситените, незаситените масни киселини дејствуваат поволно на организмот, го намалуваат нивото на холестерол во крвта и ризикот за кардиоваскуларни компликации.

3. Храната пржена во свинска маст апсорбира помалку маснотии

Се повеќе консумирање свинска маст е под влијание на познатите готвачи кои ја користат во своите ресторани, но и во настојувањата да се зачува традицијата.

Отсекогаш била ценета како кулинарски продукт бидејќи има повисока точка на вриење од другите масти. Од таа причина, храната пржена во свинска маст апсорбира помалку маснотии и често е повкусна.

Нашето тело маснотиите ги претвора во енергија, а тие помагаат во апсорпцијата на хранливите материи посебно на витамините кои се растворливи во неа (А, Д; Е и К).

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top