Free songs
Home / аларм / Светлината е чума во нашите спални соби

Светлината е чума во нашите спални соби

Научниците предупредуваат за опасностите по здравјето од премногу светлина додека се обидуваме да заспиеме. Но како тоа нашите спални соби станаа толку светли?

Постојано слушаме предупредувања за тоа дека луѓено несоодветно спијат. Премногу светло од електронските апарати пред заспивање. Недоволно време поминато во креветот. Претерано конзумирање кофеин. А сега и уште една потенцијална грижа – премногу светлина во спалната соба.

living-room-bedroom-with

Претходни истражувања ја поврзуваа светлината во ноќта со нарушеното здравје кај глодарите. Сега едно истражување наравено со 113.000 жени наведува на тоа дека светлината може да предизвика дебелеење кај луѓето. Истражувањето изведено од научници на Универзитетот Оксфорд за испитувања на канцерот, открива дека жената добива проширен струк ако нивната спална соба „е доволно светла за да гледате што има во неа“.

Проф. Дерк Јан Дијк, од Центарот за спиење во Сари, вели дека „луѓето треба да проникнат во своите спални соби и да видат колку е лесно да ги затемнат“. Но дали навистина нашите спални станале посветли?

Во изминатиот век, по се изгледа имало тренд кон посветли соби, вели Алекс Годар, кураторка во лондонскиот музеј Гефри, кој е посветен на историјата на домувањето.

Првиот проблем е повеќето светлина надвор (пред) домовите. Куќите во изградените населби се опкружени со улични светла, светла од автомобили, реклами и свелина која доаѓа од други згради.

Во извештајот на Кралската комисија за светлосно загадување од 2009, насловен како „Вештачките светла во нашето животно опкружување“, се предупредува дека за седум години од 1993 до 2000, големи реони во Обединетото Кралство навечер станале поинтензивно осветелени. Комисијата забележува дека надворешното осветлување растело со просечна годишна стапка од три проценти.

spieЕдно истражување од октомври 2007, направено од Харис пул јуроп омнибус сурвеј, открива дека една третина од испитаниците рекле дека светлата кои доаѓаат низ прозорците во нивните спални соби водат кон бессони ноќи. На северозападот од Англија се забележани најголеми проблеми, кога 44 проценти од испитаниците рекле дека имаат проблеми со спиењето заради светлосното загадување.

Но исто колку и порастот на светлина надвор од спалните соби – толку се влијателни и трнедовите за промена на декорот по домовите, кои исто така го влошуваат проблемот.

Многу луѓе избираат посветли завеси и се повеќе се престројуваат од завеси кон ролетни. „Во викторијанско доба било вообичаено во спалните да има тешки дебели завеси“, вели Годар. „Луѓето многу сакале тешки материјали. Денес не е така, затоа тие тешко се чистат“.

Денес се омилени светли простори со чисти линии.

Уредникот за ентериер во Гардијан, Бен Спрингс, се согласува. Ролетните станаа многу популарни. А завесите често се тенки. „Се повеќе се користат лелени материјали и ролетни кои обезбедуваат приватност, но воопшто не ја сопираат светлината“. Се има врска и со парите – тенкото е ефтино, вели тој. Исто така има придвижување и тренд за чисти прозорците, и затоа се ставаат ролетни.

spie

На почетокото на новиот милениум, ролетните учествуваа со 25 проценти на пазарот за опрема за прозорци, вели Ендрју Хартли, директор на Ама рисрч, кој раководи со истражувања во градежниот сектор. Сега таа бројка е 30 проценти. За споредба, завесите опаднале од 52-53 проценти на 47 проценти. Голем дел од тие промени се случила на почетокот од минатата деценија.

Хартли вели дека и покрај високите спецификации за покривките за прозорци – како што се ролетни од бамбус, завеси за затемнување и ролетни кои пропуштаат вечерна светлина – пораснала и стапката на „нискоквалитетни производи“ кои се појавиле на пазарот, што пак е движено од порастот во секторот за издавање станови.

– Средниот дел од тој пазар е стеснет, вели тој. Накратко, многу луѓе кои ги декорираат спалните соби може да бидат предизвикани да користат покривки за прозорци кои ја претвораат спалната во полуосветлена, наместо во целосно затемнета соба.

А во собите има и магла од светлина од електронските направи. Колку многу спални се осветлени од серија извори од вклучени светла? Потоа тука се часовниците-будилници, дигитални дисплеи и ноќните светилки.

Декорот само го засилува ефектот. Темните ѕидови не се во мода, вели Годар. Светлите бои и тапети се модерни, но тие не ја впиваат светлината. Денес спалните имаат поголеми прозорци, без разлика дали се реновирани или новоизградени, вели таа.

spalna

Сара Бини е инвеститор во градежништвото и вели дека не може да заспие ако во собата нема целосен мрак. Иако некои родители ставаат дебели завеси кај децата, тие ретко се наоѓаат во собите на возрасните. Луѓето инвестираат во ефтини материјали, вели таа. „Срамно е што луѓето размислуваат на краток рок – мислат дека ќе реновираат по една или две години“. Нејзин врвен прироитет кога купува завеси се врвни материјали.

Но не сите се согласуваат дека темното е добро. Проф. Џим Хорн, поранешен шеф во Центарот за истражување на спиењето при Универзитетот Лагбароу, се сомнева дека вечерното светло предизвикува дебелеење. Луѓето спијат со затворени очи и воглавно ја игнорираат светлината која постои, смета тој. На лето е посветло отколку преку зима, но нема докази дека луѓето заради тоа спијат помалку часови, додава тој.

Дури и ако луѓето се разбудат ако влезе светлина, повеќето луѓе потоа брзо заспиваат. „Тука можеме да поставиме друго важно прашање: дали спиете преку ден?“ Тој се сомнева дека постојат други причини за поврзаност со дебелеењето. „Секој треба да се запраша дали спиењето во темница е сурогат за нешто друго. Дали луѓето кои спијат во светли соби имаат страв од темина? Дали тие главно се вознемирени?“ Постојат многу причини кои можат да го предизвикаат ова. Потребни се повеќе истражувања пред луѓето да извлечат какви било  заклучоци, вели тој. „Идејата дека сите треба сосема да ги затемниме собите е погрешна“. Ставот за сосема темни соби може дури и да биде опасен. Ако е мртва темнина, тогаш повозрасните кои стануваат навечер може да се повредат, вели Хорн.

Сеуште нема конечен заклучок околу сето ова. Но повеќе студии кои ќе го поврзат светлосното загадување во спалните соби со проблемите, може да ги натера луѓето да ги заменат тенките ролетни со дебели завеси. И да им дозволи на осончаните спални повторно да станат места за спокоен сон.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top