Home / природен лек / Супер овошје: Мандарина

Супер овошје: Мандарина

Мандарината е есенско овошје што одлично делува на системот на варењето.

Освен што ја подобрува работата на дигестивниот систем, мандарината го уништува холестеролот, а е одлична и за линијата. Ќе им помогне на оние кои сакаат да ослабнат, но и на оние кои сакаат да ја задржат добиената линија.

mandarina-ovosje-gВо есен потребно е во телото да се внесува што повеќе витамин „Ц“ кој го штити телото од грип и настинки, а најдобар избор, според нутриционистите, се мандарините. Тие содржат двојно повеќе витамин „Ц“ отколку портокалите, а богати се со фолна киселина и бета каротен, кои се неопходни за здраво варење.

Против лош холестерол
Мандарините се одличен извор на пектин кој спречува апсорбција на холестеролот на ѕидовите на крвните садови, а со самото тоа спречуваат и појава на дебелина.

Чувство на ситост
Освен витамини, ова есенско овошје е богато и со влакна и вода кои овозможуваат долготрајно чувство на ситост. Пектинот во мандарината спречува раст на нивото на шеќерот во крвта, а со тоа спречува и чувство на глад.

Против масна кожа
Мандарините содржат антиоксиданси кои спречуваат ослободување на слободни радикали и пукање на кожата, па се одлични за нега на лицето. Особено се делотворни етеричните масла. Тие помагаат кај масна и проблематична кожа, така што го контролираат лачењето на себумот и ги чистат затворените пори на лицето.

Благодети на етеричното масло
Етеричното масло од мандарина делува антисептички, ги убива бактериите и спречува воспаленија. Помага и во чистење на организмот од токсини, особено во црниот дроб и поттикнува поголема апсорбција на кислород во организмот. Се користи како помош при несоница, стрес, напад на кашлица и грчеви во мускулите. Доволно е со маслото да ги измасирате слепоочниците, односно болните точки.
Може да се консумира орално во комбинација со шеќер или да се нанесе директно на кожата.

Точка.ком.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top