Free songs
Home / аларм / Стресот на работа – причина за мозочен удар

Стресот на работа – причина за мозочен удар

Лицата кои се под стрес на работното место имаат поголем ризик за мозочен удар, објавија шведски научници.

simptomi-mozocen-udar-23Инаку, стресот на работното место претходно е поврзуван и со зголемен ризик од срцев напад (инфаркт).

Најновите резултати од истражувањата покажуваат дека поради изложеност на стрес на работното место просечно 24 отсто е поголем ризикот за исхемиски мозочен удар предизвикан од тромб.

На секои 100.000 жители на Европа годишно се регистрираат 115 исхемиски мозочни удари кај мажите и 75 исхемиски удари кај жените.

Останати фактори на ризик од мозочен удар се зголемена концентрација на холестерол во крвта, дијабетес, хипертензија и семејна историја на мозочниот удар.

Lider.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top