Home / аларм / Стетоскопот е најголемиот извор на зараза!

Стетоскопот е најголемиот извор на зараза!

Лекарите користат стетоскоп за речиси секој пациент, па можно е доколку не е дезинфициран, бактериите од секој пациент од тој ден на завршат на друг пациент.

stetoskop lekarШвајцарските научници проучија околу 489 површини, вклучувајќи ја кожата на 83 пациенти и лекари со цел да го испитаат нивото на контаминација во текот на посетата на лекарот.

Се покажало дека кружниот дел од стетоскопот (оној со кој се допира кожата) е најконтаминиран во спордба со кој било дел од раката на докторот, со исклучок на прстите.

“Хигиената на рацете на докторите пред, во текот и после контактот со заболените е најважен елемент со цел да се избегне пренесувањето на бакетриите, без разлика дали се работи за отпорни или не толку отпорни бактерии“, изјави др. Дидијер Питет, професор по медицина на Универзитетот во Женева.

Со оглед на тоа дека докторите го користат стетоскопот речиси за секој пациент, можно е, доколку не е дезинфициран, мал дел од бактериите од секој пациент да се пренесат на друг пациент.

Колониите пронајдени на стетоскопите се во распон од безопасни до многу опасни, што е многу важно да имате на ум доколку пациентот има слаб имунитет и со самото тоа е склон кон инфекција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top