Home / нови лекови / Создадена сперма од матични клетки

Создадена сперма од матични клетки

Кинескиот научници од матични клетки, кои во лабораториски услови се претворени во сперматозоиди во рана фаза, успеале да оплодат јајце клетки од што настанало здраво потомство способно за натамошна репродукција, се вели во студијата објавена во списанието Cell Stem Cell.

labaratorijaНаучниците велат дека тоа претставува важен чекор кон осмислувањето слична техника којашто во догледно време може да помогне во лекувањето на неплодноста кај момчињата кај коишто до таква ситуација дошло поради оштетувања настанати по лекување од рак, инфекции како што се заушките или каков и да е друг проблем кој резултирал со неплодност.

Создавањето на сперматозоидите во тестисите е еден од најдолгите и најкомплицираните процеси во човечкиот организам, бидејќи од почетокот до крајот кај повеќето цицачи трае повеќе од еден месец. Сега научниците тој процес успеале да го остварат во лабораторија.

Ембрионалната матична клетка, која може да се претвори во кој и да е вид ткиво, со помош на своевиден „коктел“ од хемиски соединенија, хормони и тестикуларно ткиво, постапно во лабораторија е претворена во сперматозоид. За да се развие правилно, клетката морала да мине низ деликатниот процес на промена на својата ДНК кој се нарекува мејоза. Како и кај женските јајце клетки, сперматозоидот мора да загуби половина од своите хромозоми, за да оплоденото јајце да има нормален број.

Сперматозоидите кои научниците од Медицинскиот факултет од Нанџинг ги создале не наликувале на „полноглавци“ со опавчиња кои им го овозможуваат пливањето. Имено, процесот е прекинат порано, па се создадени сперматиди кои имаат точен број генетски информации. Тие со вештачко потпомогнато оплодување успешно се вметнати во јајце клетки на лабораториски глувци.

„Сите се потомци биле здрави и плодни“, изјавил за BBC професорот Ксио-Јанг Жао од кинеската Академија на науките. Предупредува дека постои уште едена пречка. Имено, ниедно возрасно лице нема ембрионални матични клетки, но кинеските научници верува дека клетките на кожата во догледно време може да се претворат во матични.

И покрај постигнатите резултатите, до примена на техниката кај луѓето, којашто ја развиле кинеските научници, ќе мора уште да се причека, но студијата претставува вдахновение за натамошни истражување, смета британскиот професор Алан Пејси од Универзитетот Шефилд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top