Во потрага по што поефикасен медикамент против болки, фармацевските компании дошле до револуционерно откритие. Имено откриен е аналгетик кој има 100 пати појако дејство од сите до сега познати лекови за смирување на болки, а основиот протеин е издвоен од отровот на морски полжав.
Морскиот полжав воглавно може да се најде на коралните гребени во тропските плими, кој се специфични за Пацификот. Својот отров овие животни го кријат во својата таканаречена „жуба“, а го исфрлаат во ситуации кога животот им е во опасност. Ваквиот отров на малите полжави, предизвикуваат силна болка кај човекот, а истиот може да биде и смртоносен. Целосна мистерија со векови наназад била дека смртоносниот отров може да содржи моќни протеини од кои се прават важни лекови, посебно аналгетици.
Токму ваков е случајот со отровот на овие морски живноти кои во своето тело го кријат за сега најмоќниот лек против болки некогаш направен. Истовремено покрај морскиот полжав, се испитуваат и состојките од ништо помалку опасните отрови на едни од најопасните животни на светот, жабите, познати и како „отровна стрела“. Ова суштество живее на просторите на Јужна Америка (Еквадор). Неговиот отров е толку силен што една доза од неколку милилитри, е доволна за да усмрти дури 2000 луѓе.
Уште едно животно кое им помага на фармацевските компании во потрагата по моќен аналгетик е реткиот вид на паук кој потекнува од континенталниот дел на Австралија, таканаречен „левкасти паук“, чиј отров е исто така смртоносен за човекот. Од отровот на морскиот полжав настанала и првата верзија на аналгетикот под името „Зиконотид“, кој е успешно тестиран на глувци, но овој лек единствено може да се прими како инекција. Новата верзија на лекови излегла од канадските фармацевски лаборатории и може да се користи и орално, но досега лекот не е тестиран на луѓе, туку само на глувци, а најмалите дози имале фантастични резултати.
Се очекува дека лекот во наредните две години ќе биде тестиран и на луѓе и според тврдењата научниците кои работеле на неговото создавање, од истиот не би требало да се очекуваат какви било нуспојави. Напротив велат, лекот нема да делува на рецепторите во мозокот, што значи нема да создава зависност.