Дали сте знаеле дека со масажа на стопалата можете да ги намалите болките во ’рбетот? Ова истражување докажува дека било кој вид на масажа може да ги намали болките во грброт, додека масажата на специфичните делови на телото поврзани со болката дава многу поголеми резултати.
Според истражувањето спроведено од страна на иранскиот Журнал за медицина и акушерство, медицинските сестри што страдале од болки во грбот често користеле масажа.
За време на истражувањето, 50 жени и мажи, медициснки работници коишто претходно тврделе дека страдаат од хронична болка во долниот дел од грбот оделе на 40-минутна масажа три пати неделно, две недели. Половните групи поминале низ рефлексиологија на масажата, со масирање на специфични делови на телото, поврзани со болките во грбот, а другата група поминала низ општа терапија со масажа.
На крајот на истражувањето, поголем број од учесниците што поминале низ рефлексиологија на масажата пријавиле подобрување во долниот дел од грбот и намалување на болките, од групата која што се служела со општа терапија. Сепак и двете групи пријавиле значително намалување на болките во грбот.
Оваа студија докажува дека било кој вид на масажа може да ја намали болката во грбот, додека масажата насочена на специфичните делови од телото, поврзани со болката во грбот може да даде многу поголеми резултати.
Стопалата и болката во грбот
Докажано е дека стопалата се поврзани со болката во грбот. Рабовите на стопалата имаат точки што се поврзани со болката во грбот и кога ги масирате постои можност предизвиканата болка и вкочанетост во ’рбетот да исчезнат. Можете сами да се масирате или некој друг да го прави тоа, затоа што и во двата случаи методот е ефикасен.
Резултатите се забележуваат уште по првата масажа. Со оглед на тоа што масажата е пријатна и здрава, добро е да посветите барем 10-20 минути, 2-3 дена во неделата на масирање на стопалата.
Како се прави?
Седнете на подот со прекрстени нозе и држете го едното стопала. Линијата од ножниот палец и петицата е она што го претставува ’рбетот. Линијата е поврзана со гениталиите, половината, со лумбалниот дел, градите и грлото на матката. Нежно масирајте ја линијата од предната до задната страна на прстите. Со примена на притисок врз оваа точка директно ќе влијаете на вашиот ’рбет.
Netpress.mk