Free songs
Home / природен лек / Со костени против масни наслаги

Со костени против масни наслаги

Kостенот не е толку калоричен како останатото овошје, а претставува нутритивно вреден оброк кој заситува.

kostenАко се грижите за телесната тежина есента е вистинско време да ги искористите сите благодети на костенот. 100 грама костени содржат околу 200 калории, а со порција варени или печени костени, дури и со костен-пире, може да замените еден оброк.

Предноста на костенот е што е сиромашен со масти, а поради големото количество на скроб составот на костенот е сличен на составот на житарките.

Костенот содржи и протеини, витамини, минерални соли, па претставува здрава намирница во нутритивна смисла, затоа и се препорачува како намирница која треба да се вклучи во секоја здрава диета.

Дополнително, костенот ги надополнува истрошените енергетски залихи во телото и дава сила и цврстина на мускулите, го подобрува имунитетот и делотворен е во борбата против анемија.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top