Free songs
Home / сведоштва / Смртта не постои и не е крај на животот – тврди нова теорија

Смртта не постои и не е крај на животот – тврди нова теорија

Многу луѓе се плашат од смртта. Веруваме во неа затоа што ни е кажано дека ќе умреме. Луѓето се поврзуваат со телото, а како што знаеме, телото умира. Но, според новата научна теорија на Роберт Ланц, експерт за напредна технологија, смртта не е финално случување.

smrt beskonecnoЕден од добро познатите аспекти на квантната физика е тоа што одредени забележувања не можат апсолутно да бидат предвидени. Наместо тоа, постои низа на можни набљудувања секое со различна веројатност.

Едно од честите објаснувања е интерпретацијата на „многуте светови“, тврди дека секоја од овие можни набљудувања кореспондира со различен универзум (мултиверзум).

Новата научна теорија наречена биоцентризам малку ја „прочисти“ оваа идеја. Постјат безброј универзуми и сè што веројатно може да се случи, се случува во нив. Смртта не постои во вистинска смисла во ова сценарио. Сите можни универзуми постојат во исто време, без разлика на тоа што се случува во нив.

Иако нашите тела се преодредени да бидат уништени, чувството на животот – „Кој сум јас?“ е всушност фонтана на енергија од 20 вати која го контролира мозокот. Но, оваа енергија не исчезнува после смртта. Една од најсигурните аксиоми на науката е дека енергијата никогаш не умира – таа не може да биде ниту создадена ниту уништена.

Дали оваа енергија се пренесува од еден свет на друг?

Судејќи според биоцентризмот, просторот и времето не се тврди објекти какви што ги сметаме. Доколку мавнете со раката низ воздухот, доколку остраните сè, што ќе остане? Ништо!

brainimage-250x156Истата работа може да се примени и со времето. Ние не можеме да видиме ништо низ коските кои го опкружуваат нашиот мозок. Сè што  гледаме и чувствуваме моментално е вртлог на информации кои се случуваат во нашата глава. Просторот и времето се само алатки кои ги користиме за сè да поврземе.

Смртта не постои во вон-временскиот и беспросторниот свет. И самиот Алберт Ајнштајн признал: „Мојот стар пријател го напушти овој чуден свет пред мене. Тоа не значи ништо. Луѓето како нас знаат дека разликата помеѓу минатото, сегашноста и иднината е само тврдоглаво упорна илузија“.

Бесмртноста не значи постојано постоење во времето без крај, таа е сместена надвор од времето.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top