Free songs
Home / нови лекови / Случајно пронајден лекот против рак?

Случајно пронајден лекот против рак?

Научниците случајно откриja дека протеинот на маларијата може да биде ефикасно оружје против ракот и можеби неочекувано да се постигне чекор напред во потрагата по лекот против оваа болест.

rak - karcinomДански тим на научници барале начини за заштита на бремените жени од маларија, што може да предизвика сериозни проблеми, бидејќи таа ја напаѓа плацентата на бебето, но во оваа прилика покажа дека зајакнатите протеини на маларијата го напаѓаат и ракот,што може да биде значаен чекор во лекувањето на оваа болест.

“Научниците со децении биле во потрага по сличности помеѓу растот на плацентата и туморот”, објаснува Али Саланти од Универзитетот во Копенхаген.

“Плацентата во рок од неколку месеци од малобројни клетки расте во големина на орган, кој тежи околу еден килограм и му обезбедува кислород на ембрионот и хранливи материи во релативно непозната средина. На некој начин и туморот го прави истото. Агресивен раст во релативно непозната средина”, објаснуваат истражувачите.

Процесот веќе е тестиран на клетки и глувци заболени од рак, а резултатите се објавени во списанието “Cancer Cell”. Научниците се надеваат дека во наредните четири години ќе започне тестирање и врз луѓето.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top