Free songs
Home / Болести и лечење / Ако го видите ова во окото на детето реагирајте веднаш зашто може да биде предоцна!

Ако го видите ова во окото на детето реагирајте веднаш зашто може да биде предоцна!

Дури 48% родители ги забележале  овој симптом кај децата, наведува една студија. Но поголем број мислеле дека е грешка на фотографијата. Тоа мора да се смени зашто е прашање на живот и смрт

dete-630x475Овој текст  ќе ви помогне да можете да ги откриете овие сериозни симптоми кај децата на време. Кога тетката на ова тригодишно момче ја погледната фотографијата забележала нешто шокантно. Забележала дека нешто не е во ред со неговите очи. Во десната зеница забележала чуден одблесок.

На почетокот мајката  на ова момче мислела дека тоа е само проблем на фотографијата, меѓутоа тетката инсистирала да појдат на доктор, офталмолог.

Докторот дијагностицирал шокантна болест: Момчето имало ретинобластома во двете очи. По четири месеци хемотерапија, туморот во десното  око се намалил како и помалиот тумор во левото око. Благодарение на тетката, неговиот живот е спасен. Меѓутоа тој ќе остане слеп на десното око. За среќа секој од нас може ова да го открие.

Направте фотографии со блиц. Ако забележите било кој од овие знаци, веднаш појдете кај очен лекар:

-Кога едната зеница е бела, а другата црвенаdete3

-Кога едната зеница е црвена, а другата црна

-Кога зениците се со различна бојаdete4

Секој родител треба ова да го знае. На тој начин можете да спасите живот на дете. Споделете го овој пост со вашите пријатели, можеби на некој можете да му помогнете веднаш да реагира.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top