Free songs
Home / Болести и лечење / Симптоми, причини и лекување на најчестите женски проблеми – Дали вагиналниот исцедок е нормален?

Симптоми, причини и лекување на најчестите женски проблеми – Дали вагиналниот исцедок е нормален?

Кои се главни симптоми, причини и начин на лекување на најчестите женски проблеми?

ginekДАЛИ ВАГИНАЛНИОТ ИСЦЕДОК Е НОРМАЛНА ПОЈАВА?
Вагиналниот исцедок не е секогаш знак за некој проблем: жените за време на плодните денови често имаат исцедок, особено во текот и по овулацијата. До менструацијата, во текот на овулацијата, исцедокот е проѕирен, течен или се развлекува – тоа е слуз што ја произведуваат жлездите на вратот на грлото на матката за да направат пријатен амбиент за преживување на сперматозоидите и нивен пат до матката. По овулацијата, исцедокот станува бел, млечен и се зголемува како што наближува менструацијата.

КОГА Е ЗНАК ЗА НАРУШУВАЊЕ?
Преку изгледот на исцедокот може да се открие некоја инфекција. До инфекција најчесто доаѓа по зараза со полово преносливи болести, а често доаѓа и до промена на бактериската флора на матката, која е важен одбранбен штит против напад на разни бактерии. Пречесто земање антибиотици, несоодветни средства за хигиена, носење претесна облека, се некои од причините поради кои може да дојде до намалена одбранбена функција.

ДАЛИ ИМАТЕ ИНФЕКЦИЈА?
Исцедок, црвенило на вагината, слаб или појак јадеж, непријатен мирис на исцедокот, болка при полов однос, печење при мокрење, се симптоми на некоја полова инфекција.

ЈАДЕЖ И ПЕЧЕЊЕ
Ако освен вагинален исцедок, имате и јадеж, најчесто се работи за габична инфекција, а ако имате силно печење, можеби тоа е инфекцијата трихомонијаза.

СИРЕСТ ИСЦЕДОК
Силно печење, црвенило, болка при половиот однос и густ и белузлав исцедок се симптоми на бактериска инфекција со кандида. За лекување гинеколозите најчесто препишуваат антимикотици во облик на вагиналети или масти. При акутни или долготрајни случаи лекарот може да препише и посебни лекови, кои се земаат орално.

ЗГОЛЕМЕНИ ЛИМФНИ ЈАЗЛИ НА ЦИПИТЕ
На допир, под отечените лимфни јазли на ципите, може да се осети топче, кое се поместува, со големина од 1 до 2 сантиметра. Зголемувањето на лимфните јазли укажува на жариште на воспаление во близината, значи вагинална инфекција. Во близина на воспалението овие жлезди го активираат одбранбениот систем така што стануваат тврди, зголемени и често предизвикуваат болка. Кога ќе се отстрани причината за нарушувањето, лимфните јазли се враќаат во нормала, а притоа не е потребна терапија.

ГЕНИТАЛНИ БРАДАВИЦИ
Причина за гениталните брадавици е хуман папилома вирусот, кој е полово пренослива болест. Најчесто брадавиците се појавуваат на матката, на надворешниот дел од вагината, грлото на матката или анусот. Обично имаат бела боја, а понекогаш предизвикуваат јадеж. За кондиломите нема посебен лек, а во зависност од случајот, лекарот може да ги третира со хемиски средства.

ВОСПАЛЕНИЕ НА МОЧЕН МЕУР
Кај жените можноста за воспаление на мочниот меур се зголемува со текот на годините, особено ако се приближува менопаузата. Ризикот се зголемува и со почетокот на сексуалната активност, дијабетес, бременост. Освен тоа, причина за воспаление на мочниот меур може да биде и опстипацијата, со која се олеснува преминот на бактерии во мочниот меур.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top