Free songs
Home / нови лекови / Што е она што предизвикува рак на дојката?

Што е она што предизвикува рак на дојката?

Американски научници изработија попис хемикалии кои жените би требале да ги избегнуваат за да се обидат да се заштитат од рак на дојка, а меѓу останатите на пописот се бензиски испарувања и разни растворувачи.

509447-rak-dojke-1-300x191Студијата содржи попис од 17 главни супстанци кои можат да предизвикаат рак на дојка кај животните, а на кои голем број жени секојдневно се изложени, пренесува Runway.

Научниците велат дека треба пред се да се избегнува колку што е можно изложување на испарувања на бензин и дизел, како и вдишување автомобилски гасови.

Треба да се намали конзумацијата на карбонизирана храна, како скарата.

Не треба да се купува мебел кој има полиуретанска пена, како ниту оној што е водоотпорен.

Треба исто така да се избегнуваат теписи и други ткаенини отпорни на дамки.

Потребно е да се пронајде хемиско чистење кое не користи перклороетилен ниту други растворувачи, и да се намали изложеноста на хемиски супстанци кои се наоѓаат во прашината, оставајќи ги чевлите на влезот, и да се користат правосмукалки кои имаат ХЕПА филтри за микрочестички.

– Ова истражување дава насоки за превенција од рак на дојка, идентификувајќи ги хемиските производи на кои жените често се изложени и покажува исто така како да се мери таа изложеност, вели Рутан Рудел, директорка за истражување во институтот Сајлент Спринг во Њутон, Масачусетс, една од авторките на истражувањето.

– Сите жени во САД се изложени на хемиски супстанци кои кај нив можат да го зголемат ризикот од рак на дојка, но за жал таа врска често се игнорира, рече Џулиа Бродеј, генерален директор на Сајлент Спринг, исто така една од авторките на студијата.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top