Free songs
Home / Болести и лечење / Што да правите кога сите околу вас се болни – и што ако ве префати

Што да правите кога сите околу вас се болни – и што ако ве префати

Започна сезоната на настинки и грипови. Постојано треба да внимавате да не дојдете во контакт со луѓе кои се инфицирани, но што да правите кога сите луѓе во Вашето опкружување, на работа и во домот, ќе се разболат?

Зkivanje nastinka gripемајте витамин Д

Со појадокот, земете додаток витамин Д. Според едно истражување направено на универзитетот Јеил, луѓето со зголемена концентрација на витамин Д во крвта (најмалку 38 нанограми на милилитар) имале 49 проценти помал ризик да настинат или да добијат друг вид инфекција на респираторниот систем.

Чистете со варикина

Вирусите (особено оние кои го напаѓаат стомакот) се отпорни на многу нешта и можат да опстанат на речиси секоја тврда површина со недели. Затоа, чистењето треба да се изведува со доволно силно средство што може во целост да ги уништи сите микроорганизми.

Често перете ја облеката и постелнината на болниот

Кога имате болен човек во домот, важно е да ги минимизирате шансите за раширување на инфекцијата. Често перете ја неговата облека, како и постелнината на која спие, за да ги уништите бацилите.

Спијте најмалку 7 часа

Добриот сон е клучен за освежување на целиот организам, но можеби најважно, барем во ваква ситуација, е влијанието што го има врз имунолошкиот систем. Според истражувањата, луѓето кои спијат помалку од седум часа на ден имале три пати поголем ризик да настинат, отколку оние кои спиеле повеќе.

Доколку сепак приметите дека и вас ве фаќаат симптоми на грип еве што да правите

Многу вода
Пијте многу течности. Водата и чајот се идеално решение.

Витамин Ц 

Доколку се почуствувате дека сте настинати побарајте лекови со додатен витамин Ц и парацетамол за намалување на температурата. Треба да се биде внимателен и при консумацијата на витамини. Така што и премногу витамин Ц може да предизвика дијареа.Тие можат да помогнат настинката да се спречи на време. Доколку ве боли грлото се препорачува да правите гаргара со провриена солена вода. Проблемите со кашлица можете да ги намалите со пареа во текот на туширањето.

Одморот се подразбира
Уште при првите знаци од настинката одмарајте и останете дома. Покрај тоа што бргу ќе оздравите нема да ги заразите и останатите луѓе околу вас.

 

Што не треба да правите кога сте настинати
Некои тестови покажале дека дури и цинкот може да го зголеми имунитетот, но американската институција Фоод анд Друг Администратион вели дека тоа и не е практично, бидејки цинкот во таква состојба може да го оштети сетилото за мирисот.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top