Free songs
Home / сведоштва / Ова е чудо: Дете-магнет лечи луѓе (Видео)

Ова е чудо: Дете-магнет лечи луѓе (Видео)

Стефан Илиќ од село Својново, кај Параќин, Србија, има божји дар, тврдат неговите родители.

stefan-480x720Неговите раце може да излечат болки, а неговото тело како магнет привлекува разни предмети- мобилни телефони, лажици, вилушки, порцелански чинии.

Несекојдневната способност на 10- годишниот Стефан, родителите ја откриле во ноември 2014 година, но мислат дека ја има од раѓање.

Во неговото семејство таков дар има и неговата баба, од страна на мајката.

-Докторите за Стефан немаат никакво објаснување, само велат дека нема никаква болест и оти тоа не му штети. Во контакт сме и со многу биоенергетичари, кои велат дека мојот син има многу јака енергија, вели мајката Санела Илиќ и додава дека Стефан им помогнал на многумина кои имале разни болки.

Покрај тоа што ја поседува оваа неверојатна моќ, Стефан е многу посветен и на училиштето. Тој е најдобар ученик во одделението за што придонесува неговата надпросечна интелигенција.

stefann-480x259

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top