Free songs
Home / алтернативна медицина / Штити од вишок масти и од холестерол – мешавина од три зачини по Ајурведската медицина

Штити од вишок масти и од холестерол – мешавина од три зачини по Ајурведската медицина

Трикату е ајурведски растителен продукт, кој се состои од црн бибер, долг бибер и од ѓумбир. Ајурведската медицина ја користи трикату илјадници години за чистење на организмот од токсините, кај вишокот капа (слуз) во телото, за слабеење и за подобрување на варењето на храната.

Ајуведата тврди дека неквалитетната храна и неправилниот режим на исхрана му штетат на дигестивниот тракт. Несварената храна создава ама – вишок токсини во организмот, што последователно негативно влијае на целокупното здравје.

ayurvedaОд сите ајурведски формули се смета дека трикату е посебно ефикасна за намалување на амата и за воспоставување на правилната дигестивна работа. Помага кај цела низа здравствени нарушувања, особено кај проблемите на дигестивниот, респираторниот, васкуларниот и на уринарниот тракт.

Состојки и лековити својства

Црниот бибер има противвоспалително дејство, го регулира варењето на храната, ги подобрува работата на црниот дроб и апсорпцијата на корисните состојки од храната.

Во многу традиции ефикасно се користи за лекување настинки и респираторни инфекции.

Како природен антидепресив, ги намалува стресот и несоницата и ги подобрува концентрацијата и паметењето. Познат е и како одличен диуретик, но и како извор на манган и на витамин К. Содржи и бакар, хром. железо и калиум.

Пипали или долгиот бибер има сличен, но појак вкус од црниот бибер. Најстарите познати записи за неговата лековитост потекнуваат од ајурведата, а Хипократ повеќе го препорачувал како лек отколку како зачин. Денес многу ретко се користи во европската кујна. Најпознат е по пиперлонгуминот, вредна состојка која има антитуморско дејство.

ajurvedska medicina1Како и другите видови бибер, благодарение на пиперинот, ефикасен е во борбата против паразитите и помага при проблеми и нарушувања во варењето.

Ги ублажува болките (главоболка, забобол, мускулни болки, болни менструации) и помага при треска, нарушување на сонот, хроничен умор, псоријаза, проблеми со дишните патишта, кашлица, астма и алергија.

Успешно ги стимулира дигестивниот и респираторниот тракт, ја подобрува белодробната функција и ги обновува белите дробови.

Ѓумбирот е благотворен за целиот организам. Се смета за универзален лек бидејќи ја урамнотежува работата на сите органи, го јакне имунитетот, го освежува и го енергизира целото тело. Има аналегетски, седативен, антиперетски и антибактерикси ефект. Помага за чистење на организмот од паразити, бактерии и токсини во крвта и во лимфата. Го олеснува дишењето, ги лекува проблемите во варењето, го ублажува гастритисот, ја редуцира желудочната киселина. Ја отстранува болката. Корисен е и за ублажување на ревматските тегоби и во лекувањето на вирозите и грипот.

Го чисти телото

Благодарение на синергетското дејствување на црниот бибер, долгиот бибер и ѓумбирот, трикату е одличен природен лек за варењето, за крвните садови, за чистење на организмот и за слабеење.

Истражувањата спроведени над лабораториски животни покажале дека трикату го намалува лошиот (ЛДЛ) и го зголемува добриот (ХДЛ) и на тој начин го штити кардиоваскуларниот систем. Поради тоа што ја поттикнува метаболистичката активност, одличен е во превенција на дебелината и за регулација на телесната тежина.

Трикату помага во превенцијата и во лекувањето на гастритисот и на улкусот и одржувањето на здравиот дигестивен тракт.

Покрај сите други добри ефекти за здравјето, тој ги подмладува клетките и го подобрува изгледот на кожата правејќи ја свежа и блескава.

Мевлем за органите за дишење

Трикату е природен антихистаминик, кој го спречува настанувањето на алергиските реакции, како што се уртикариите и поленските алергии.

Луѓето што страдаат од алергии може да го користат како превентива подолг временски период без никаков страв од нуспојава.

Се покажал одличен и во третманот на астмата – на големо ги олеснува и ги редуцира астматичните напади.

Генерално, трикату е добар за здравата работа на органите за движење. Ги обновува белите дробови, го олеснува дишењето и го стимулира искашлувањето на слузта. Трикату може да се користи подолго време бидејќи не предизвикува ниту непријатни ниту за здравјето опасни нуспојави.

Препорачаната количина е од 500 мг до 3 гр дневно, поделена на три дози. Се зема по јадење, со вода или мед. Може да се користи како зачин во супи, варила и во други јадења.

Трикату не се препорачува за бремени и за доилки, а ако користите лекови од класичната медицина за висок притисок и дијабетес, пред употребата консултирајте се со лекар.

За што е добар:
– го чисти организмот од ама (токсини)
– го подобрува варењето
– го забрзува метаболизмот
– го помага здравото слабеење
– ги чисти крвните садови од холестерол
– ја зајакнува функцијата на репродуктивните органи
– ја подобрува циркулацијата
– ја намалува болката и ги редуцира воспалителните процеси во телото
– ја балансира капа дошата
– го подобрува изгледот на кожата
– ја нормализира работата на органите за дишење
– помага при астма и алергии

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top