Free songs
Home / Болести и лечење / Сериозни заблуди за крвниот притисок кои се погубни за вашето здравје

Сериозни заблуди за крвниот притисок кои се погубни за вашето здравје

Во текот на секојдневието при разговарањето на теми за здравјето и крвниот притисок сигурно сте слушнале неколку факти за сето тоа, но она што треба да го знаете е тоа дека дел од истите се вистински заблуди кои што може да се исклучително опасни за вашето целокупно здравје.

pritisokВисокиот крвен притисок е голем проблем на денешницата, а доколку истиот не се негува со соодветна терапија може да предизвика големи здравствени проблеми, вклучувајќи ги коронарните болести на срцето, мозочен удар, нерамномерно работење на срцето и оштетување на бубрезите.

Токму затоа, во продолжение прочитајте дел од најчестите и најсериозни заблуди за крвниот притисок кои што може да бидат погубни за вашето здравје и дознајте ја вистината за истите.

Понискиот притисок секогаш е подобар

Заблуда: Нискиот крвен притисок не е причина за грижа!

Факт: Нискиот крвени притисок или хипотензијата може да биде проблем доколку предизвикува симптоми како што се вртоглавицата, несвесност, шок… Несвесноста и вртоглавицата може да доведат до губење на рамнотежата и сериозни падови, додека шокот, по кој доаѓа до сериозно нарушување на циркулацијата, доколку не се лечи веднаш може да има и смртен исход. Меѓутоа, вистина е дека нискиот притисок е сосема нормален за голем број на луѓе.

Доколку сте млади, не треба да се грижите за притисокот

Заблуда: Проверувањето и следењето на крвниот притисок е непотребно доколку сте помлади од 40 години.

Факт: Голем број на експерти советуваат следење и проверување на крвниот притисок уште од 18-та година на луѓето. Во текот на времето, адолесценцијата, староста, развојот на телото и сексуалниот развој имаат огромна улога во одредувањето на притисокот.

Немам никакви симптоми

Заблуда: Нервозата, потењето и потешкотиите при спиење се дел од симптомите на високиот крвен притисок.

Факт: Она за кое што дури една третина од луѓето не се свесни е фактот што тие имаат висок крвен притисок, а тоа е така пред се затоа што крвниот притисок речиси и да не пројавува симптоми.

Двојна неволја

Заблуда: Ако човекот има високо ниво на холестерол, следствено на тоа има и висок крвен притисок.

Факт: Бројни лоши животни навики, како што е консумацијата на масна храна и недостатокот од физичка активност, создаваат ризик од високо ниво на холестерол и висок крвен притисок. Меѓутоа, можно е пациентот да има високо ниво на холестерол, без притоа да страда и од висок крвен притисок.

Паузирање од терапија

Заблуда: Кога еднаш ќе почувствувате дека ви е подобро, слободно можете да престанете со консумацијата на лекарства против висок притисок.

Факт: Доколку докторот ви препишал лекарства за контрола на високиот крвен притисок, бидете внимателни и точно следете ги неговите упатства затоа што е исклучително опасно самостојно да ја менувате дозата или пак да престанете со терапијата.

Крвниот притисок? Па тоа е машка болест!

Заблуда: Само мажите треба да се грижат за високиот крвен притисок, додека пак жените се имуни на истиот!

Факт: Не треба дополнително да се објаснува дека напротив, и жените може да имаат висок крвен притисок!

Фактори кои што допринесуваат за висок крвен притисок кај жените: Дебелина, користење на контрацепциски пилули, бременост, постменопауза и генетско наследство, односно член од семејството кој исто така страда од висок крвен притисок.

Лековите без рецепти се безбедни

Заблуда: Сите лекови кои што се издаваат без рецепт, а се наменети за олеснување на симптомите од настинката и грипот, се и безбедни за луѓето со висок крвен притисок.

Факт: Назалниот деконгестив, кој го има во капките и спреовите за нос, наводно го зголемува крвниот притисок и може да има влијание врз дејството на терапијата која што ја консумирате за високиот крвен притисок. Затоа, внимавајте да користите лекарства кои што во себе не поседуваат деконгестив.

Инсулинот е виновник за високиот крвен притисок?

Заблуда: Користењето на инсулин предизвикува затврдување на артериите и следствено на тоа, висок крвен притисок.

Факт: Некогаш докторите сметале дека инсулинот ги предизвикува претходно споменатите здравствени состојби, но сега докторите потврдуваат дека тоа не е така.

Само кај докторот се покажува крвниот притисок

Заблуда: Крвниот притисок секогаш е висок само кај докторот, а во домашни услови е нормален… Сето тоа е само трема.

Факт: Можно е поради нервозата привремено пациентите да се соочуваат со висок крвен притисок, меѓутоа треба да се има во предвид дека никогаш не треба да се игнорираат мерењата кои укажуваат на високиот крвен притисок. Редовно мерете го крвниот притисок во домашни услови, па при следната посета на доктор, споделете ги мерењата со докторот.

Tocka.com.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top