Home / аларм / Се повеќе заболени од рак – 14 милиони луѓе во светот се борат со оваа болест

Се повеќе заболени од рак – 14 милиони луѓе во светот се борат со оваа болест

Бројот на нови случаи на рак во светот во 2012 година е проценет на 14,1 милиони луѓе, што е зголемување од 11 отсто во однос на 2008 година, кога таа болест е дијагностицирана кај 12,7 милиони, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), пренесува МИА

16122013195246_cancerБројот на починати во 2012 година е проценет на 8,2 милиони, што е за 8,7 отсто повеќе отколку во 2008 година, кога бројот на починати изнесувал 7,6 милиони. Тоа се податоци на Меѓународниот центар за истражување на ракот, специјализирани агенции на СЗО во Лион во Франција, кои ги следат податоците за 28 видови рак во 184 земји во светот.

Најчести облици на дијагностицирање рак се ракот на бели дробови (1,8 милиони случаи), на дојка (1,7 милиони) и на дебелото црево (1,4 милиони).

СЗО наведува дека меѓу починатите најмногу се оние кои имале рак на бели дробови (19,4 отсто од вкупниот број на починати), рак на црн дроб (9,1 отсто) и рак на желудникот (8,8 отсто).

Бројот на случаи на рак на дојка од 2008 се зголеми за 20 отсто, а морталитетот за 14 проценти. Ракот на дојка претставува 25 отсто дијагностицирани видови рак кај жените.

Ракот на дојка е најчест причинител за смртност од рак меѓу жените (522.000 смртни случаи) и најчест облик дијагностициран меѓу жените во 140 од 184 земји.

СЗО поради најновите податоци предвидува зголемување на бројот на новозаболените од рак до 2025 година на 19,3 милиони, пред се поради растот на вкупниот број жители и зголемување на просечната старост на населението во светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top