Free songs
Home / бабини рецепти / Рецепта чудо за долговечност и среќен живот – направена од 95-годишен пчелар

Рецепта чудо за долговечност и среќен живот – направена од 95-годишен пчелар

95-годишниот Георги Тодоров од Пловдив е вистинска легенда меѓу пчеларите во Бугарија. 25 години е претседател на пчеларското друштво „Багрем-1899“, во кое членуваат околу 100 луѓе.

honey-600x600Георги и на овие години зачудувачки продолжува да се грижи сам за 140 кошници со пчели лоцирани на две оддалечени полиња. Едните кошници за пчели му се во село Туркмен, Брезовско. А другиот – во селото Смилец, општина Стрелча, Бугарија.

Како е Дедо Георги така витален? Вели строго следи само еден магичен рецепт за долговечност. Негов пријател го открива рецептот на светот

– Земете 1 кг мед

– 1 килограм лимони и 200 грама полен

Лимоновиот сок се истура врз поленот, за да може да го раствори, а потоа сокот и поленот се мешаат со медот. Смесата треба да отстои 24 часа.

– Потоа во неа се додава 250-300 грама сусам таан (тахини) и се промешува. По желба може да се додадат и две стапчиња цимет за подобар вкус, а и циметот е здрав исто така.

Употреба

Наутро и навечер во чаша со млака вода се додава и промешува една лажица од оваа смеса и се додава една лажица јаболков оцет. Треба да се пие од 30 до 60 минути пред јадење.

Share Button

One comment

  1. pcelar od plovdiv

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top