Free songs
Home / природен лек / Растение против алкохолизам и зависност од цигари

Растение против алкохолизам и зависност од цигари

Кудзу, Pueraria lobata се лиани од семејство мешунки. Нивното родно место се Кина и Јапонија, а се пренесени во Америка дури во 1800 година, за подоцна да се шират низ Европа.

kudzu 2Во Америка се сметаат за досадни плевели, бидејќи се развиваат многу брзо. Растението се смета за едно од педесетте основни билки во кинеската и јапонската народна медицина.

Во годините на рецесија во САД е издаден декрет според кој сите напуштени земјишта да садат кудзу за да може најсиромашните да обезбедат егзистенција.

Во последните години билката е предмет на многу истражувања. Според нивните резултати билката има безбедно и ефикасно дејствување при прекинот на болна зависност од алкохолни пијалоци.

Таа е најмоќниот инструмент за откажување од пушење и алкохолизам. Билката не само што ја ликвидира зависноста, а се справува и со последиците од неа. Другата предност на кудзу е дека за разлика од синтетичките лекови против зависност, нема никакво штетно дејство врз организмот.

Кога некој пушач престане да пуши, неговите никотинови рецептори престануваат да делуваат. Ова значи дека тие не добиваат количество допамин, со што се навикнати. Според истражувања, еден месец откако цигарите бидат запрени, поранешниот пушач почнува да развива симптоми на депресија и организмот станува чувствителен во однос на никотинот.

Кудзу почнува да дејствува активно во овој момент, бидејќи во него преовладува активната состојка, која ја отстранува психичката и физичката зависност од никотин. Билката го има истото дејство и кај луѓето кои имаат проблеми со алкохолот.

Се смета дека ова растение го подобрува квалитетот на сонот . Пред потрошувачката на кудзу е добро да се консултирате со специјалист, ако имате неподносливост спрема неговите активни состојки.

mojataubavagradina

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top