Home / природен лек / Прва помош: На изгорениците се пушта топла, а не студена вода

Прва помош: На изгорениците се пушта топла, а не студена вода

Пуштањето студена вода од славината по помалите изгореници е општо познат начин на третирање на изгореницитe, но швајцарските научници тврдат дека подобро е да се направи спротивното, односно да пуштите топла вода на изгорениот дел.

izgorenicaСтудијата спроведена на универзитетот во Базел покажала дека топлата вода го намалува оштетувањето на ткивата и помага во воспоставување на нормална циркулација во изгорените делови. По индуцирањето на изгорениците, во период од 24 часа од повредата кај идентичните изгореници што се третирани со топла вода ткивото помалку се оштетило, а раните биле поповршни.

Иако студената вода помага во намалување на чувството на болка бидејќи ги лади кожата и нервните завршетоци, по 20 минути резултира со болка поради тоа што премногу ја намалила температурата, рекле научниците.

Тој предлага веднаш по настанувањето на изгореницата, врз ткивото да се пушти студена вода, но само една минута, а потоа да се промени во топла вода за да се поттикне циркулацијата. Притоа не се мисли на врела вода, туку на вода од 20 до 30 Целзиусови степени.

Plus Info

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top