Free songs
Home / алтернативна медицина / Одете боси за да ги оздравите виталните органи

Одете боси за да ги оздравите виталните органи

Знаете ли дека на нашите стапала и на дланките постојат точки поврзани со сите витални органи во телото? Со стимулирање на тие точки ги масираме внатрешните органи и го подобруваме протокот на виталната енергија низ нив, а со тоа стануваме и поздрави и повитални.

noze trcanje bosНекогаш луѓето оделе боси по трева, камења, на плажа и на тој начин сосема природно се одвивал овој процес на акупресура.
Во нашите тела тече биоелектрицитет, кој им дава енергија на сите наши органи за да функционираат правилно и балансирано. Тој биоелектрицитет тече низ мрежата меридијани, која е слична на крвотокот.

Меридијаните почнуваат на секој прст од двете раце, се протегаат низ целото тело и завршуваат на врвовите од прстите на стапалата. Kога тие се проточни, електрицитетот тече непречено и сите органи ја добиваат енергијата што им е потребна за оптималната работа.

Kога од која било причина тој тек е попречен, енергијата не може да дојде до одреден орган, поради што се јавува нарушување на неговата работа, кое со текот на времето прераснува во болест.

fi-prosirene-vene-grcevi-u-nogama-simptomi-02-300x180На дланките и на стапалата има низа “прекинувачи” за сите наши витални органи и делови на телото. На прстите на рацете се точките за главата – мозокот, синусите, очите и за ушите. На горниот дел од дланката и стапалото се точките за горниот дел од трупот, а на долниот дел од дланката и од стапалото – за долниот дел од телото.

За да ги активирате овие точки, треба да ги масирате стапалата или да шетате боси.

За оптимално здравје и виталност, секое утро пет минути масирајте ги секоја дланка и стапало. Притисокот мора да биде силен, но не и прејак. Може да испробате и на домашна вага и тој треба да се движи некаде од 1,4 до 2,3 килограми.

noze1

Ако имате проблеми со синусите, напнатоста, проблеми со варењето на храната, недостиг од енергија, чести инфекции, срцеви проблеми и хормонални нарушувања, може да ги решите со помош на акупресурата.

Исто како што светлината на Сонцето ни обезбедува витамин Д, Земјата ни обезбедува уште една неопходна состојка, која може да се нарече и витамин З. Таа се смета за запоставен фактор во појавата на болестите, нешто како алката што недостига. Д-р Гери Шварц, професор по психологија и медицина на Универзитетот во Аризона, изнел претпоставка дека вземјувањето е исто толку битно колку и Сончевата светлина, воздухот, водата и храната.

stoi na edna noga

Досегашните истражувања дале многу докази дека површинската енергија на земјата има значајни здравствени бенефити. Kако прво го намалува нивото на стресот, го подобрува здравјето на кардиоваскуларниот систем, го намалува влијанието на штетните електромагнетни полиња, го забрзува закрепнувањето по болест и заздравувањето на раните и го подобрува квалитетот на сонот. Студиите покажале дека вземјувањето има силно влијание на чувствителната рамнотежа помеѓу здравјето и болеста и на прогнозите за подолг и подобар живот.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top