Потребно
еден орев,
½ авокадо,
една лажица павлака,
гриз или пченично брашно
една лажица мед.
Авокадото и оревот се обработуваат во блендер до добивање на хомогена смеса. Потоа се додаваат и останатите намирници и повторно се меша. Нанесете ја маската на чисто и влажно лице, врат и деколте. Оставете ја да делува 15-20 минути, а потоа исплакнете со млака вода.
Маската со орев е наменета за редукција на брчките па поради тоа се препорачува интензивен третман што значи апликација на маската 3-4 пати неделно во продолжение од еден месец. Процедурата се повторува на секои два месеци.